Македонија
292 санкции за брзо возење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/driving-a-car-time-lapse-night-camera-gripped-on-the-side-reference-pov-point-of-view-white-car-ride-city-blurred-motion-fast-driving-hd-hyperlapse_vkx_4lmf__F0000.png)
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што во државата санкционирани се 292 возачи.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Асфалтирана улица во Јака, општина Илинден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/asfaltiranje-na-ul-109-2.jpg)
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица добива и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.
Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина. Во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на другите улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.
Македонија
ТАВ Аеродроми: Вработените на охридскиот аеродром исчистија 1 километар од брегот на Охридското езеро
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Eko-akcija-4.jpg)
Под слоганот – „Чистиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово организираше акција за чистење долж брегот на Охридското Езеро, како проактивен потег кон одржливост и одбележување на Денот на Охридско Езеро, кој е утре на 21 јуни.
Почнувајќи од пешачката патека „Лабино“, преку вливот на реката Грашница во Охридското Езеро, кон плажата Магнус, до вливот на реката Даљан во езерото, во должина од приближно 1 километар, 30-тина вработени од охридскиот аеродром волонтираа во чистењето на крајбрежјето и придонесоа за почиста животна средина.
Волонтерите – вработени на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го собраа ѓубрето оставено и насобрано на овие плажи, односно, пластиката и хартиениот отпад, отпадоците и другите загадувачи кои со текот на времето се насобрале на овој дел од брегот на езерото.
„Оваа иницијатива ја одразува посветеноста на ТАВ Аеродроми за позитивно влијание во заедниците каде што работиме. Во соработка со локалните чинители и Општина Охрид, како и со нашите колективни напори, имаме за цел да помогнеме во зачувување на убавината на Охридското Езеро и промовирање на култура на еколошка свест“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Откако вработените од охридскиот аеродром завршија со чистењето, според договореното со Општина Охрид, јавното комунално претпријатие ги презеде вреќите со собраниот отпад за соодветно одложување.
Охридското Езеро, дел од светското наследство на УНЕСКО, познато по својата природна убавина и еколошко значење, има посебно место во срцата и на локалното население и на посетителите.
Препознавајќи ја важноста од зачувувањето на ова природно богатство, ТАВ Македонија ги мобилизира своите ресурси за да иницира сеопфатен обид за чистење и да ја промовира еколошката свест, еден ден пред Денот на Охридското Езеро.
Иницијативата за чистење е дел од пошироката корпоративна општествено одговорна програма на ТАВ Аеродроми, која се фокусира на иницијативи кои промовираат одржливост на животната средина, развој на заедницата и социјална благосостојба.
Со активно вклучување во проекти корисни за општеството и животната средина, ТАВ Аеродроми се обидува да ја исполни својата корпоративна одговорност и да придонесе за посветла, позелена иднина за генерациите што доаѓаат.
Македонија
Левицата: Две години Град Скопје е заложник на меѓусебната војна на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен – хаос и колапс на градот во секоја сфера
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/levica.png)
Веќе 6 месеца ДПМНЕ во Советот на Град Скопје не ги гласа Програмите за работа на јавните претпријатија под надлежност на Градот. Jавните претпријатија без овие програми не можат ништо да работат! Се поставува прашањето зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска, се вели во соопштението на Левица.
„Градоначалникот како извршен орган не може и не смее да презема дејствија без одлука на Советот, а откако ДПМНЕ „се скара” со сопствениот кандидат за градоначалник, не дозволува во Советот на Град Скопје да биде донесена било каква одлука во корист на граѓаните, освен БУЏЕТОТ на Градот и одлуките за платен паркинг во трговските центри во Скопје. Веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната ,,војна” на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен – хаос и колапс на градот во секоја сфера. Иако ДПМНЕ има мнозинство во управните одбори на јавните претпријатија во Скопје, тоа не ги спречува истите одлуки кои нивните членови ги гласаат во управните одбори, советниците на ДПМНЕ да не ги гласаат во Советот на Градот Скопје“, велат од партијата.