Македонија
Стојаноски: Власта до крајот на годината ќе се задолжи со нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8,5 милијарди
Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закона со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Со овие средства, како што рече, нема да се изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот што настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал, кој е доставен до пратениците, пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка.
„Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку дена, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за речиси 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра. Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг“, рече Стојаноски.
Дополни дека однесувањето на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и на Владата е скандалозно.
„Само еден ден по објавувањето на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија, во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, првпат во историјата на Собранието закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања наместо на Комисијата за финансирање и буџет“, рече Стојаноски.
Според него, Ковачевски, Груби и Владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

