Македонија
Демократското движење: Да престане срамниот политички притисок на Груби кон претседателката на Врховниот суд преку неговите портали
Соопштение на Демократското движење
„Денес, ќе ви презентираме докази со кои уште еднаш ќе потврдиме дека јазборуваме вистината. Од порталите ‘Индекс.мк’ и ‘Деск.мк’ деновиве се води срамна негативна кампања кон претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која, пред сѐ, е почитувана жена.
Зошто? Затоа што таа не сака да предложи и усвои начелно мислење со кое Врховниот суд ќе ги оживее аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Што е целта? ДУИ да го врати Никола Груевски од Будимпешта по секоја цена. Не заради ЕУ туку заради теснопартиски интереси. Одат контра на нашите меѓународни стратешки партнери САД и ЕУ.
Суспендирањето на правната држава е меѓу главните забелешки на најлошиот досега извештај за напредокот на Северна Македонија во ЕУ. ДУИ и СДСМ, кои се претставуваат како европскиот фронт, всушност се главните кочничари на европската перспектива на нашата земја.
Еве ги доказите:
Интернет-порталите ‘Индекс.мк’ и ‘Деск.мк’ се сопственост на актуелниот директор на Државната лотарија и десна рака на Артан Груби, жртвеното јагне Прпарим Бајрами, чие име во последно време се поврзува со многу криминални афери.
Јавно прашуваме дали канцелариите на гореспоменатите портали се во објектот на Министерството на Артан Груби?
Има ли посилен доказ од ова дека причина за најлошиот извештај на ЕУ за Северна Македонија е ДУИ.
Со своите подземни дејства буквално ги рушат правосудниот систем и правната држава.
Да ти е полна устата со ЕУ, а да шуруваш со Груевски, е тешка манипулација и потценување на интелегенцијата на Албанците. Затоа следува жестока казна на изборите. Одговорност ќе има. Никој не може да биде посилен од владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.
Промените доаѓаат!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

