Македонија
Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативен извештај од ЕУ
Собранието го доби најлошиот и најнегативниот извештај од ЕУ за напредокот на Македонија во историјата, вели поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски.
Како што посочува, критиките на Европската Комисија се однесуваат во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието.
За време на „режимот“, вели тој, законите со европско знаменце беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење.
„Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев“, вели Вељаноски. Како што истакнува, злоупотребата на европското знаменце започнала од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците, по што на секој проблематичен закон му се лепи европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно стана втор законодавен дом.
Понатаму, вели тој, во периодот пред власта на СДСМ, извешитаите на независните регулаторни тела беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци. Денес, извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.
До 2017 година, според Вељаноски, информациите предложени од опозицијата беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница, а на редовната понеделничка координација се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот. По 2017 година, информациите предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани, а нема никаков договор на понеделничката Координација, вели поранешниот претседател на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

