Македонија
Левица: Европската Комисија против Законот за медиуми на СДС и ДПМНЕ
Скандалозното гласање на пратениците од СДС и ДПМНЕ од пред неколку дена, каде заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, спротивно на забелешките дадени во експертското мислење, беше нотирано од Европската комисија, велат од политичката партија Левица преку соопштение.
„И во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година, јасно е наведено дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка.
Ваквата забелешка од Европската комисија доаѓа по гласањето на пратениците од СДС и ДПМНЕ, кои во шверцерска постапка со европско знаменце, едногласно ги усвоија контроверзните измени за поткуп на медиуми – кои претходно Левица ги блокираше. Потсетуваме дека ваквите државни кампањи се спротивни на европските пракси, но ниту власта, ниту лажната опозиција, немаат слух за експертите и новинарските здруженија!
Препораките на ЕК од минатата година остануваат актуелни и во претстојната, а извештајот вели дека е неопходна поголема транспарентност во однос на медиумското огласување од државните институции и политичките партии, а предлог-Законот ќе ја поткопа независноста на медиумите. Со вака предложените измени, Владата и општините ќе издвојуваат и по неколку милиони евра годишно за финансирање на кампањи.
Извештајот нагласува и дека одлуката од пратениците за усвојувањето на законските измени дополнително ќе ја засили коруптивната и клиентелистичка култура во медиумскиот систем.
Носењето на ваквите измени во скратена постапка е уште една злоупотреба на европското знаме од страна на власта, но, овој пат поддржани и од ДПМНЕ. Наместо овие политички елити да се расфрлаат со познатите флоскули за европски вредности, истите треба да дадат објаснување пред јавноста и медиумската фела како е злоупотребено европското знаме за воведување државно финансирање на медиуми – спротивно на европската регулатива“, се додава во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

