Свет
Ердоган до Западот: Срамота е да молчите за масакрот во Палестина
Срамота е што западните земји, кои секогаш се залагаат за човекови права и слободи, молчат за масакрот во Палестина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Од витално значење е да се доставува гориво до местата на кои итно им е потребно, особено болниците во Газа“, рече Ердоган во говорот на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад, пренесе „Анадолија“.
Предложи во рамките на Организацијата за исламска соработка да се формира фонд за обнова на Газа. Ердоган смета дека се’ додека се игнорира палестинското прашање, напорите за нормализирање на регионот се осудени на пропаст.
„Подготвени сме да ги направиме потребните напори, меѓу другото, како гарант, за да го зачуваме мирот што ќе се воспостави“, рече тој, додавајќи дека Ерусалим е црвена линија.
„Нашата желба е Ерусалим, познат како град на мирот, и сите палестински земји да се вратат во своите поранешни денови“, рече Ердоган.
Според него, израелската администрација, која се однесува како разгалено дете на Западот, е должна да ја надомести штетата што ја предизвикала.
„Она што ни треба во Газа не се паузи од неколку часа, потребен ни е траен прекин на огнот“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.
Тој нагласи дека треба да се свика меѓународна мировна конференција за да се најде трајно решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Марк Руте: Русија можеби е гласна, но НАТО е силен
Русија можеби е гласна, но НАТО е силен, изјави новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, по претседавањето со својот прв состанок на министрите за одбрана на алијансата во Брисел.
Тој ја критикуваше, како што рече, „сè понеодговорната реторика на рускиот претседател Владимир Путин“ и додаде дека членките на НАТО работат напорно за да обезбедат поддршка за Украина во текот на претстојната зима.
Руте, исто така, објави дека главниот фокус на министерскиот состанок на НАТО било добивање масовна воена помош за Киев, пренесува Ројтерс.
Во своето обраќање пред новинарите, тој зборуваше и за Молдавија и изјави дека Русија сака да го попречи европскиот пат на земјата.
Жителите на Молдавија в недела ќе излезат на гласање, каде ќе гласаат за претседателските избори и референдумот за ЕУ, што, според Ројтерс, е клучен момент во борбата меѓу Русија и Западот за иднината на оваа југоисточна европска земја.
Во денешната презентација Руте ги пофали романските власти и врховниот командант на НАТО за Европа, Кристофер Каволи за нивниот брз и ефективен одговор кога вчера неидентификуван објект навлезе во воздушниот простор на Романија.
– Ќе продолжиме да го зајакнуваме надзорот, да разменуваме информации и да ги координираме индивидуалните и колективните одговори – рече Руте, додавајќи дека алијансата ја поддржува Романија во решавањето на сите безбедносни предизвици.
Свет
Путин: Ова е војна против Москва во која НАТО користи украински војници
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не знае кога Русија ќе ја победи Украина во војната, но дека руските сили се подготвени да продолжат да се борат дотогаш.
Говорејќи на прес-конференција во Москва, Путин истакна дека руските сили стануваат сè потехнолошки напредни во конфликтот, што според него всушност е војна на НАТО против Москва во која Северноатлантската алијанса користи украински војници.
Тој додаде дека Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје и предупреди дека споменувањето на таа можност е „многу опасна провокација“.
„Русија нема да го дозволи тоа, по секоја цена“, им рече Путин на новинарите.
Според него, Украина треба да се откаже од забраната за преговори со Русија, коментирајќи ги можните руско-украински преговори во Саудиска Арабија. Русија е подготвена за дијалог со Украина, но врз основа на претходни договори, рече Путин.
Москва мора да обезбеди услови за траен мир во Украина што ќе ги штити долгорочните безбедносни интереси на Русија, додаде тој.
Свет
Захарова: Роднините на нацистите се враќаат на власт, Русија и Србија ги продолжуваат делата на своите предци
Роднините на нацистичките криминалци и соработници доаѓаат на власт во земји како Канада или Германија, без да се чувствуваат виновни, со разбирање дека им е моментот да ги рехабилитираат своите предци, а Србите и Русите, како и многу други народи, ги продолжуваат делата на нашите предци, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Захарова за „РТ Балкан“ истакна дека нејзините предци се бореле на страната на победникот.
„Двајцата мои дедовци се бореа во Црвената армија. Се бореа против нацизмот и фашизмот. И двете мои баби работеа во фабрики за време на Големата патриотска војна, покрај нормалниот цивилен живот, работеа и во име на победата. Сеќавањата на тие времиња во мене се живи не само поради учебниците туку, пред сè, поради историјата на моето семејство“, рече Захарова, која присуствуваше на приемот по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна во Амбасадата на Република Србија во Москва.