Забава
Ева Лонгорија има нова фризура – идеална за жени во 50-тите за помлад и посвеж изглед
Многу познати дами го прославија крајот на штрајкот во Холивуд во средата на ручекот на женската академија „Шанел“.
Една од гостите беше познатата актерка Ева Лонгорија, која го покажа својот нов изглед.
Познати актерки, сценаристи и многу други жени што работат во филмската индустрија се сретнаа во средата на луксузниот женски ручек на Академијата, кој оваа година беше создаден во соработка со „Шанел“.
Попладневното дружење во Лос Анџелес собра многу познати дами, кои блеснаа во модни комбинации со потписот на брендот што многумина го сакаат. Главна тема беше прекинот на синдикалниот штрајк на актерите по повеќе од 3 месеци.
Ева Лонгорија драстично ја скрати косата и ја прикажа својата нова фризура.
Познатата актерка има 48 години и многумина велат дека изгледа барем 10 години помладо.
Покрај тоа, Ева ја осветли косата од темнокафеава во потопла чоколадно кафеава нијанса, што дополнително го отвори нејзиното лице и ѝ го надополни тонот на кожата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црната пластика во кујната може да биде опасна за здравјето, предупредуваат научниците
Црната пластика може да изгледа добро во кујната, но многу луѓе престануваат да ја користат од здравствени причини. Забранетите токсични успорувачи на горење може да се најдат во различни предмети за домаќинството, вклучително и садовите за готвење, покажува новото истражување.
Црната пластика стана дел од многу кујни бидејќи изгледа добро. Но, според новото истражување, за неа нема место во кујната.
Истражувачите тестирале производи направени од црна пластика, која обично се рециклира откако првично била користена како заштитен дел за електроника, како што е куќиште за телевизор. Оваа пластика често се третира со успорувачи на горење за време на производството на електронски уреди. Сепак, дури и по рециклирање, хемикалиите – кои се поврзани со голем број негативни здравствени ефекти – можат да останат во високи концентрации, пишува Health.com.
„Оваа студија го нагласува недостатокот на хемиска регулација поврзана со она што влегува во нашиот систем за рециклирање“, рече Меган Лиу, главен автор на студијата и шеф на науката и политиката во Иднина без токсини.
Во студијата, објавена овој месец во списанието Chemosphere, Лиу и двајца нејзини колеги тестирале 203 црни пластични предмети за домаќинството за присуство на различни хемикалии. Помеѓу тестираните производи имало послужавници за суши, кутии за брза храна, детски играчки и кујнски прибор.
Секоја ставка прво се тестира за бром, хемикалија која се користи во некои успорувачи на горење. Ако нивото на бром надминало 50 делови на милион, тимот дополнително го анализирал присуството на бромирани и органофосфатни успорувачи на пламен. Овие хемикалии често се користат во електрониката и се поврзани со сериозни здравствени ризици, вклучувајќи рак и ендокрини нарушувања.
Истражувањето покажало дека дури 85 отсто од тестираните производи содржеле хемикалии кои го успоруваат горењето. Најголемите количини се пронајдени во послужавник за суши, шпатула.
Забава
Се ожени Бејби Лазања
Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, кој ги освои срцата на „Евровизија“ и неговата долгогодишна девојка Елизабета Ружиќ денеска се венчаа во Завршје, населба во округот Истра.
Свадбата се случуваше пред околу 50 членови на семејството и најблиските пријатели, јавуваат хрватските медиумим.
Марко во август зборуваше за подготовките за венчавката, иако не откри кога точно ќе биде.
„Уф, да бидам искрен, јас сум малку настрана. Го правам тоа што ми велат дека морам, но тие… Трчаат, подготвуваат. Веројатно ќе има малку паника затоа што сме навистина зафатени,но имаме помош од семејството, пријателите, така што добро оди, мислам“, изјави тој за „Ин Магазин“.
Двајцата се запознале на Инстаграм кога пејачот ја контактирал.
Забава
(Видео) ДНК снима спот за „Чаршија“ во Чаршијата: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.