Црна хроника
Во Куманово приведени тројца крадци, следува пријава

Вчера, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 30-годишниот Б. С., 22-годишниот С. Д. и 32-годишниот Д. Д., сите од Куманово, извести МВР.
„Тие се сомничат дека на 4.11.2023, на улицата Маршал Тито во Куманово, влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец од Радовиш

Полицијата приведе 26-годишен жител на Радовиш осомничен за две кражби.
На 22.04.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш.
Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш.
Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случаите против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Штипјанец тешко повреден: со мопед паднал на коловозот

Синоќа околу 20.10 часот во СВР Штип било пријавено на ул.„Суитлак“ во Штип, И.Ј.(47) од Штип, управувајќи мопед без регистарски таблички, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Се степале поради недоразбирање во сообраќајот

Синоќа во 23.30 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Д.(26) од с.Зелениково.
Тие постапиле по претходна пријава дека во 19.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Т.А.(36) од Пробиштип, со престој во Скопје и го оштетил неговото патничко возило „мазда“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.