Македонија
Сопругата на бугарскиот амбасадор со кампања: „Стоп за семејното насилство, жртвите не се виновни“
На иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, трета година по ред ќе се реализира кампањата „Стоп за семејното насилство“. Оваа година слоганот на кампањата е „Жртвите не се виновни!“, а фокусот е ставен на семејното насилство врз децата.
„Оваа година одлучив акцентот на кампањата да биде ставен на насилството врз децата како директни, но и како индиректни жртви. Какви пораки се испраќаат до децата што растат во средина полна со насилство и каков пример им се дава на тие деца? Децата се огледало на родителите. Ова се базира на фактот дека во формативните години на децата тие учат од примерот на родителите. Детето што расте во средина полна со насилство учи дека тоа е нормалниот начин на функционирање – со примена на насилство или, пак, со толеранција на насилството. Насилството е циклус што се пренесува од една на друга генерација и единствениот начин да се прекине овој циклус е да станеме свесни за проблемот, да почнеме да се соочуваме со него и активно да работиме на тоа да бидеме вистински пример за нашите деца. Без исклучок. Затоа, ве повикувам да се организираме и на 12 декември, точно во 12 часот, да излеземе на плоштадите во градовите и да кажеме СТОП на семејното насилство користејќи го меѓународниот знак на жртвите на семејно насилство, кој од година на година спасува сѐ повеќе животи. Да им оддадеме почит на сите оние што не се меѓу нас, да се обединиме за жртвите на семејство насилство и да покажеме дека заедно сме посилни“, изјави Билјана Ангелова, иницијатор на кампањата.
Семејното насилство е комплексен проблем, кој може да се манифестира во различен облик – како емоционално, физичко или сексуално злоупотребување на партнерот и/или децата, како и нивно запоставување. Оваа форма на насилство претставува глобален проблем од сферата на човековите права и јавното здравје, кој циклично и континуирано се повторува. Речиси е невозможно да се превенира една форма на насилство, како насилство врз децата и нивно запоставување, каде што што постои друга, како насилство врз интимниот партнер.
Поаѓајќи од статистичките податоци за минатата година, каде што во Македонија се евидентирани 1.543 жртви на семејно насилство, од кои 227 се деца, во Бугарија од 736 жртви, 542 се деца, а во Косово 120 евидентирани деца жртви на семејно насилство од вкупно евидентирани 2.735 случаи, евидентно е дека иако се разликуваат по голем број параметри, Македонија, Бугарија и Косово имаат ист проблем – СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО. Насилството не препознава земји и граници, туку е заеднички, комплексен проблем против кој сите се бориме. Токму затоа се надеваме дека институциите, авторитетите и дипломатските претставништва ќе искажат интерес и ќе ја поддржат оваа иницијатива.
Сите заинтересирани за кампањата и активностите – дел од неа, може да ги посетат официјалните канали:
Фејсбук: https://www.facebook.com/profile.php?id=61553101246836 Фејсбук група: https://www.facebook.com/groups/430281128660836/ Инстаграм: https://www.instagram.com/_stop.domestic.violence_/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

