Економија
Руската економија значително порасна
Економијата на Русија забрза во третиот квартал врз основа на индустриското производство, објавија Заводот за статистика и Министерството за економски развој, забележувајќи ја зголемената потрошувачка. Домашниот бруто-производ (БДП) на Русија порасна 5,5 отсто од јули до септември во споредба со истиот квартал минатата година, што е најсилно од крајот на 2021 година, објави заводот за статистика „Росстат“.
Од април до јуни е зголемен 4,1 отсто, а од јануари до март е намален 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Растот е поттикнат од силните владини трошоци, а аналитичарите укажуваат на поголемо индустриско производство за војната против Украина. Овие фактори го ублажија влијанието на западните санкции, кои руските компании се чини дека сè поуспешно ги заобиколуваат, пишува новинската агенција „Дпа“.
Руското Министерство за економски развој благо ја зголеми процената за растот на активноста од јануари до септември, од 2,8 на 2,9 отсто, цитира агенцијата ТАСС извештај на службата за односи со јавноста на Министерството, кој се повикува на заменик-министерката Полина Крјучкова.
На крајот на октомври премиерот Михаил Мишустин изјави дека рускиот БДП пораснал 2,8 отсто во првите девет месеци од оваа година повикувајќи се на податоци од Министерството за економски развој. Според премиерот, производството на индустриски производи се зголемило од јануари до септември повеќе од три отсто, а движечка сила била преработувачката индустрија со стапка на раст од над седум отсто.
„Економијата е поддржана со зголемена активност на потрошувачите, што е обезбедено со флексибилен домашен пазар на труд и повисоки реални приходи на населението“, рече Крјучкова, според извештајот на ТАСС. Во октомври Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите редовни есенски прогнози за светската економија прогнозира дека БДП на Русија ќе порасне 2,2 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

