Македонија
(Видео) Коциќ: ДПМНЕ и Милошоски фатени во лаги за Онкологија, манипулациите се нивна цел

На денешната седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија се потврди една работа а тоа е дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо друг освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини, изјави пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Тој рече дека освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот, ДПМНЕ нема друга намера.
„Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација. Имено, на минатата седница на Анкетната Комисија пратеникот Антонијо Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, притоа наведувајќи свои лични квалификации.
Врз основа на Законот за пристап до информации побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 денари, медицински апарат 0, медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денари. Значи не се работи за уништување доказен материјал туку за избор на фирма која би добила тендер за уништување отпад“, вели Коциќ.
Според него, единствена цел на ДПМНЕ е политичка пресметка со СДСМ и оцрнување на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
„Иако врз основа на информациите и сведоштвата на пациентите кои беа поканети на нашата анкетна комисија изричито кажаа дека за прв пат на Клиниката на Онкологија биолошка терапија како што треба се набавува кога министер е Филипче и дека, врз основа на сведоците, дека додека бил министер, не недостасувал ниту еден лек за ниту еден пациент на соодветната клиника.
За разлика од тоа имавме тврдење од страна на син веќе покојна пациентка којшто тврдеше дека во 2015 година од доктори на Клиниката за онкологија му било сугерирано да не ја прима терапијата којашто постои поради неквалитет и да ги купува лековите од странство.
Тука ќе ја видите разликата и кој како влијаел врз здравјето на нашите сограѓани.
Ги повикуваме ОЈО под итно да ги разреши сите дилеми за овој случај, да се открие целосно вистината и оние коишто се дрзнале терапијата набавена со народни пари, да ја злоупотребат и да одговараат пред законот.
Да прекинат манипулациите со јавноста и злоупотребата на Анкетната комисија од страна на опозицијата.
Бараме координација за донесување заеднички заклучоци согласно мандатот на Комисијата.
Ние не сме ниту суд, ниту обвинители.
Ние не се согласуваме со политичката злоупотреба на случајот, побаравме пауза од 1 час и очекувам да се координираме за како да ја завршиме работата на комисијата“, рече Коциќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ.
Во денешното соопштение од партијата се наведува дека преку Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, со која раководела Лидија Димова, биле доделени 200 илјади евра на проект на професорот Љубомир Фрчкоски.
„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи“ се наведува.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Еразмус+ бил користен за „плаќање судии, професори и експерти блиски до власта“ и дека тоа е уште еден пример за, како што велат, злоупотреба на институциите за партиски интереси.
Македонија
Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал ниту еден проект за општина Чаир.
„Дваесет години Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него. Денес гледаме глума и празни зборови“, стои во соопштението.
Од ВЛЕН додаваат дека Османи не е кандидат за Чаир, туку за сопствена кариера и дека граѓаните на општината очекуваат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Во реакцијата се наведува и дека младите во ДУИ се приклучуваат кон ВЛЕН, каде, како што велат, гледаат визија и перспектива.
Македонија
Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.
Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.