Економија
МЗШВ: Македонскиот штанд со најголем број винарии изложувачи на саемот Винска Визија на Отворен Балкан
Позитивната енергија и пријателската атмосфера која ја имавме и на привиот саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан се повторува и оваа година. Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино има на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград.
Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над 1000 вински етикети, што е скоро двојно повќе изложувачи од минатата година.
Големо внимание и оваа година привлекуваат нашите мали семејни винарии, кои се единствени во регионот. Како министерство оваа година го распишавме вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии со грант од 10.000 евра, поддршка за набавка на опрема за производство. Во текот на овој месец доделени ќе бидат и над 90 нови договори за поддршка на малите семејни винарии.
Оваа година за прв пат министерството креираше и поддршка за малите дестилерии, со грант поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Поддршка која од првиот повик, ја искористија 12 мали дестилерии.
Нашите вина во себе ја имаат вградено традицијата, македонското сонце, нашата вера и Божји благослов. Треба сите да сме годи и овие вредности да ги чуваме и постојано да го унапредуваме овој сектор.
За таа цел, оваа 2023 година донесовме нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.
Крајниот резултат кој го очекуваме од оваа стратегија е зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.
Подготвивме нов закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, и за кој очекуваме едногласно да биде усвоен од Собранието. Закон со кој за прв пат на лозарите им дава гаранирана цена, однсно до 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти, преку поставена методологија од страна на научни институции ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, која ќе мора да ја почитуваат винариите.
Министерот Николовски на саемот посетувајќи ги македонските изложувачи на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” изрази благодарност до сите наши лозари и на сите наши винарии, големи и мали, кои силно придонесуваат за раст на домашната економија и со поддршката од мерките и политиките на министерството заедно испишавме историја во винскиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

