Македонија
(Видео) Фрчкоски: Социјална зграда вредна 10 милиони евра, СДСМ инвестира во инфраструктура и се грижи за ранливите
СДСМ инвестира во современа инфраструктура но се грижи и за ранливите граѓани. Се наоѓаме во општина Бутел во Скопје, ова зад мене е најголемата социјална зграда во државата. Оваа зграда не е само капитален објект, таа е дом за 312 семејства на наши сограѓани. Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да помогнеме на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост. На оние на коишто им е неопходен дом. Затоа што за СДСМ сите се важни, грижата за сите е важна. Инвестираме во инфраструктурата но се грижиме и за оние на кои помошта од државата им е неопходна, изјави денес Јон Фрчкоски, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.
– Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава -споменици од Скопје 2014, рече тој додавајќи дека „тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

