Свет
Бела куќа: Се уште нема договор меѓу Израел и Хамас

Израел и Хамас се уште не постигнале договор за привремен прекин на огнот, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, одговарајќи на извештајот на „Вашингтон пост“ дека е постигнат договор. САД продолжуваат да работат на постигнување договор меѓу двете страни, рече портпаролот. Друг американски функционер потврди дека не е постигнат договор.
„Вашингтон пост“ вчера објави дека меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар е постигнат договор за петдневен прекин на огнот во замена за ослободување на 50 или повеќе заложници.
„Сè уште нема договор, но продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме таков“, рече во соопштението Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Израел вети дека ќе го уништи Хамас по дивеењето на милитантната група во Израел на 7 октомври, во кое нејзините борци убија 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници, според израелските податоци. Како што конфликтот влезе во седмата недела, властите во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека бројот на загинати се искачи на 12.300, вклучувајќи 5.000 деца.
Израел соопшти дека се подготвува да ја прошири својата офанзива против милитантите на Хамас во јужниот дел на Газа, откако во воздушните напади загинаа десетици Палестинци, вклучително и цивили кои наводно се засолниле во две училишта.
Што објави „Вашингтон пост“
„Вашингтон пост“ објави дека Израел, САД и Хамас постигнале пробен договор за ослободување на десетици жени и деца држени како заложници во Газа во замена за петдневен прекин на огнот. Како дел од деталниот договор на шест страници, сите страни ќе ги замрзнат борбените операции најмалку пет дена, додека „почетните 50 или повеќе заложници се ослободуваат во помали групи на секои 24 часа“, објави Пост.
Весникот наведува дека копнениот систем за надзор ќе ги следи движењата на теренот за да помогне во одржувањето на прекинот на огнот, кој исто така има за цел да дозволи значителна количина хуманитарна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во синагога: има загинати и повредени во Мачестер

Напад со нож се случи во синагогата Крамсал во Манчестер, а полицијата потврди дека две лица се убиени и дека „уште три граѓани се во сериозна состојба“.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, го нарече нападот „сериозен инцидент“ и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа.
Би-Би-Си, исто така, објави дека „се чини дека непосредната закана поминала“. Полицијата реагираше брзо и е на местото на настанот, а истрагата е во тек.
Полицијата соопшти дека добила пријава во 9:31 часот по локално време од граѓанин кој видел автомобил како се движи со брзина кон луѓе пред синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк на патот Мидлтон, Крамсал, и дека еден човек бил избоден со нож.
Во полициското соопштение се наведува дека се верува дека напаѓачот, кон кого пукале припадници на полицијата, исто така е убиен, но дека ова „не може да се потврди во моментов поради безбедносни проблеми“ во врска со сомнителните предмети на неговото тело, објави Би-Би-Си.
Според изјавите на очевидци и објавите на социјалните мрежи, полицијата се сомнева дека напаѓачот поседувал бомба. Оваа информација не е официјално потврдена од членовите на полицијата на Манчестер.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, за Би-Би-Си Радио Манчестер изјави дека се верува дека напаѓачот е „мртов“, но нагласи дека тоа „сè уште не е потврдено“.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот беше почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.
Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Свет
Илон Маск – првиот полубилионер во светот

Илон Маск, директорот на компанијата „Тесла“, е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 500 милијарди долари (приближно 425 милијарди евра).
Богатството на Маск накратко достигна 500,1 милијарди долари во попладневните часови на 1 октомври по њујоршко време за пред малку да падне на нешто над 499 милијарди долари, според листата на милијардери на „Форбс“.
Покрај „Тесла“, вредностите на другите компании на Маск исто така се зголемија, како што се стартапот во областа на вештачката интелигенција „хВИ“ и компанијата „Спејс икс“.
Сето ова дополнително го зајакнува статусот на Маск како најбогат човек во светот далеку пред конкурентите во глобалниот технолошки сектор.
Втор најбогат човек во светот моментно е Лари Елисон, основачот на технолошката компанија „Оракл“, чие богатство се проценува на речиси 350,7 милијарди долари.
Елисон накратко го престигна Маск минатиот месец кога акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40 проценти по оптимистичките деловни прогнози во областа на вештачката интелигенција.
Огромното богатство на Маск е главно поврзано со неговиот удел од над 12 проценти во „Тесла“, чии акции значително пораснаа оваа година.
Во средата, на затворањето на берзата во Њујорк, акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 3,3 проценти, а од почетокот на годината забележаа раст од повеќе од 20 проценти.
Инвеститорите позитивно реагираат на фактот дека Маск во последно време повеќе се посветува на своите компании, а помалку на политиката.
Неодамна, тој беше цел на критики за неговата работа со администрацијата на Трамп, првенствено со Одделот за владина ефикасност, кој беше задолжен за намалување на владините трошоци и бројот на вработени во јавниот сектор.
Маск, кој е и сопственик на социјалната мрежа „Икс“, често јавно ги искажува своите ставови за теми, како што се имиграцијата и програмата за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI), што исто така предизвикува големо внимание.
Тој сега е целосно посветен на „Тесла“, изјави Робин Денолм, претседател на управниот одбор на „Тесла“, во септември.
Управниот одбор исто така објави бонус од една милијарда за Маск ако постигне многу амбициозни цели во следните десет години.
За да го постигне ова, тој би морал да ја зголеми вредноста на „Тесла“ осумпати, да продаде милион роботи базирани на вештачка интелигенција, дополнителни 12 милиони автомобили и да исполни голем број други барања.
Минатиот месец Маск објави дека купил акции на „Тесла“ во вредност од речиси една милијарда долари, што многу инвеститори го протолкуваа како знак на доверба во иднината на компанијата.
Сепак, во последните години „Тесла“ се соочи со сериозна конкуренција, првенствено од кинескиот гигант BYD, како и со предизвици поврзани со трансформацијата во компанија што се занимава со вештачка интелигенција и роботика.
Фото: принтскрин