Свет
Синот на Нетанјаху жестоко ги нападна ИДФ, набргу доби одговор: „Подобро да молчиш“

Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предизвика многу реакции кога во саботата вечерта на својот канал на „Телеграм“ ги критикува Израелските одбранбени сили (ИДФ), судовите и медиумите. Јаир, кој се пресели во Мајами претходно оваа година и остана таму и покрај војната во Израел, сподели клип за тоа „како Високиот суд ги промени безбедносните аранжмани и упатствата за отворање оган на границата на Појасот Газа“.
Со ова тој сакаше да каже дека одлуките донесени од Високиот суд на правдата доведоа до промени во правилата за ангажман на ИДФ на границата со Газа дозволувајќи им на терористите на Хамас да се приближат до граничната ограда, пишува „Ерусалим пост“. Синот на премиерот исто така сподели со своите 14.000 претплатници статија за војниците, кои неколку месеци пред нападот предупредувале за активностите на Хамас на границата со Газа, но нивните команданти ги игнорирале.
Тој го обвини безбедносниот сектор дека го поттурнал праќањето на дизел-горивото во Појасот Газа. Покрај тоа, тој се обиде да ги омаловажи новинарите за „поставување политички прашања и спроведување анкети“, очигледно повикувајќи се на неодамнешните истражувања, кои покажуваат пад на поддршката за премиерот и неговата партија Ликуд.
Организацијата на резервисти на ИДФ, „Браќа по оружје“, бргу одговори: „Морате да се соочите со фактите. Ароганцијата ви припаѓа вам, а вината е на вашиот татко. Ерата на вашето злонамерно влијание е завршена. Ние сме обединети со мажите и жените кои ги ризикуваат своите животи да ја заштитат нашата земја од која избегавте. Ги разбираме фрустрациите и желбите на татко ви, ги разбира целата нација. Меѓутоа, вечерта кога тагувавме за загубата на осум војници, ќе беше подобро да молчевте“.
Синот на премиерот се соочи со критики за останувањето во САД и покрај избувнувањето на војната, додека десетици илјади Израелци се вратија дома. Минатата недела, премиерот, откако му беше поставено прашање на прес-конференција, рече дека Јаир волонтира во САД и купува опрема за армијата и за службите за итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полицијата го идентификуваше напаѓачот во Манчестер: уште тројца уапсени

Полицијата за борба против тероризмот потврди дека напаѓачот во утринскиот напад врз синагогата во Манчестер е 35-годишниот Џихад ал Шами, британски државјанин од сириско потекло.
„Врз основа на она што го знаеме во моментов, нашите евиденции не укажуваат на какви било претходни антитерористички истраги во врска со ова лице“, соопшти полицијата.
Тие додадоа дека три лица – двајца мажи на возраст од 30 години и една жена на возраст од 60 години – се уапсени и се приведени под сомнение за извршување, подготовка и поттикнување терористички акти.
Двајца мртви на местото на настанот, тројца тешко повредени
Полицијата потврди дека двајца мажи се прогласени за мртви на местото на нападот, додека тројца други мажи се во болница со сериозни повреди. Еден од нив претрпел убодна рана, друг бил удрен од автомобил вклучен во нападот, а трет подоцна сам отишол во болница со повреда за која се сомнева дека ја здобил додека полицијата го запирала напаѓачот.
Европа
(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа во однос на капацитетите. „Вистинската опасност е економската стагнација и губењето на конкурентноста“, рече Орбан.
Додека полскиот премиер Доналд Туск разговараше со група полски новинари на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, еден од нив реши да му постави прашање на Орбан, кој беше во близина и даваше коментари на унгарските новинари.
„Кој претставува главна закана за Европа“, извика новинарот, очекувајќи коментар од унгарскиот политичар.
Туск потоа му рече на Орбан: „Ова е провокација“.
Сепак, Орбан остана смирен и му одговори на новинарот: „Вистинската опасност? Економска стагнација и губење на конкурентноста“.
„Не Русија?“, праша потоа полскиот новинар.
😅Best dialogue at the Copenhagen summit!
– Orban: “We all spend more on armaments than Russia, so why are we afraid? We are stronger than them.”
– Tusk (tugging Orban by the sleeve): “I love it when he uses my arguments.” pic.twitter.com/7YF9Hs3Wfs
— NEXTA (@nexta_tv) October 2, 2025
„Ние сме посилни од Русија. Направете некои споредби и засновајте го вашето мислење на факти. Имаме повеќе од 400 милиони луѓе, а Русија има околу 130. Погледнете го европскиот БДП, толку е голем. Русија е толку мала. Сè заедно, 27 земји, трошиме повеќе за војската отколку Русите. Па зошто се плашиме? Ние сме посилни од нив“, нагласи Орбан.
„Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи“, се вмеша Туск. Орбан додаде дека европските земји мора „да се обединат и заедно да ги бранат своите интереси“.
Пред неколку дена, Орбан изјави дека Русија „веќе ја добила“ војната против Украина, иако е воено и економски слаба. Орбан, исто така, рече дека руските беспилотни летала ќе бидат соборени ако влезат во унгарскиот воздушен простор.
Свет
(Видео) Хамас испали пет ракети врз израелскиот град Ашдод

Пет ракети беа испукани од северниот дел на Појасот Газа кон крајбрежниот град Ашдод во ноќта за Јом Кипур, во напад за кој подоцна одговорност презеде терористичката организација Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.
Во меѓувреме, еден офицер беше сериозно ранет, а двајца војници беа полесно повредени во напад врз воен пункт во централна Газа денес, соопшти војската.
Video from today's launch of rockets by the resistance in Gaza from the devastated north of Beit Hanoun at Ashdod, north of occupied Palestine. pic.twitter.com/rt5M1OK04k
— Abubaker Abed (@AbubakerAbedW) October 1, 2025
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), четири од ракетите испукани кон Ашдод беа пресретнати од противвоздушен оган, додека една падна на отворено. Немаше извештаи за повредени или штети.
🚨 BREAKING: The Global Sumud Flotilla is being intercepted by the Israeli navy.
So close to Gaza, yet so far.
The criminal entity will not allow a single vessel to reach the starving. Even mercy is blockaded.
A state so terrified of compassion it blockades bread & medicine.… pic.twitter.com/bMduEvJe8j
— Hala Jaber (@HalaJaber) October 1, 2025
Нападот се случил на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, додека израелската морнарица се подготвуваше да ги пресретне групата бродови што се обидуваа да ја пробијат поморската блокада на Газа од страна на Израел. На крајот, Израелските одбранбени сили соопштија дека ниту еден брод не стигнал до брегот на Газа.