Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за инцидентите во Собранието: договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС
„ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС.
Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието.
Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија.
Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”.
Евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

