Свет
(Видео) Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода, потсетува на чудото на Хадсон
Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи. Властите соопштија дека сите девет лица во авионот не се повредени. Крајбрежната стража реагира, но спасувачките операции беа бгру прекинати, потврди офицерот Рајан Фишер, портпарол на крајбрежната стража.
Авионот „P-8A“ ја прелета пистата во базата на маринци во заливот Канеохе, изјави наредникот Орландо Перез, портпарол на американскиот маринци. Тој немаше дополнителни информации. Фотографијата направена од сведок го покажува авионот на вода веднаш до брегот, сцена што потсетува на чудото на Хадсон од 2009 година кога комерцијален патнички авион управуван од Чесли (Сали) Саленбергер принудно слета на реката во Њујорк.
Тогаш преживеаја сите 155 луѓе во авионот. „П-8А“ и „ербас А320, што ги пилотира Саленбергер, се приближно со иста големина, пишува „Асошиетед прес“.
A P-8A “Poseidon” Anti-Submarine and Surveillance Aircraft with the U.S. Navy’s Patrol Squadron Four (VP-4) out of Naval Air Station Whidbey Island in Washington, is reported to have Overshot the Runway today at Marine Corps Air Station Kaneohe Bay on the Hawaiian Island of Oahu… pic.twitter.com/smiy0Os8bw
— OSINTdefender (@sentdefender) November 21, 2023
Дајан Диркс и нејзиното семејство штотуку се вратија на пристаништето откако дождливото време го прекина нивното патување со понтонски брод кога ќерка ѝ забележала авион на морнарицата во водата.
„Трчавме до крајот на пристаништето и направив неколку фотографии“, рече таа. Потоа слушнаа сирени од секаде. Диркс вели дека ќерка ѝ имала двоглед за набљудување птици, па можеле да ги гледаат авионот и чамците за спасување како пристигнуваат.
Противпожарната служба во Хонолулу добила пријава за авионот веднаш по 14 часот по локално време, изјави портпаролот Малколм К. Медрано. „Во тоа време беше облачно и врнежливо. Видливоста беше околу 1,5 километар“, рече Томас Вон, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе: има повредени во Белград
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

