Македонија
Министерот Пенов ги потпиша договорите со грантистите од проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“
Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, во Скопје, заедно со Армен Грегоријан, постојан претставник на УНДП во земјата, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален разој и грантистите – градоначалници на општини и директори на центрите за регионален развој, ги потпиша договорите за финансирање техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на првиот повик организиран како дел од Фондот за техничка документација. Грантовите се обезбедени од страна на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, финансиран од страна на Шведска и Бирото за регионален развој.
Министерот за локална самоуправа упати благоданост за поддршката до Шведската развојна агенција и до УНДП, а на првите 10 општини и на трите центри за развој на планските региони им честита за добиената можност. Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој се двете централни институции што ја имаат одговорноста да го поддржат развојот на општините и на планските региони.
Министерот Пенов истакна дека по потпишувањето на договорите, најголем предизвик е да се зајакнат капацитетите за подготовка на квалитетни проекти, кои се финансираат од буџетот на државата, но и проекти што ќе ги исполнуваат сите стандарди за финансирање од други извори, како што се Европската Унија или Светската банка.

„Пристапот до квалитетни средства е условен од капацитетноста на општините и на центрите за развој за подготовка на проектна и техничка документација врз основа на пропишани стандарди. Со 1,5 милион долари Фондот за техничка документација во оваа фаза обезбедува градење капацитети преку директна експертска поддршка, но и на финансиски средства за подготовка на техничката документација, што е од голема помош и за општините и за центрите за развој“, порача министерот за локална самоуправа.
Во процесот на интеграција во Европската Унија, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, пред сѐ, ја имаат одговорноста да создаваат услови за квалитетно учество на општините и на планските региони во користењето на ИПА-средствата за регионален развој.
„Така ја покажуваме нашата подготвеност за членство во Европската Унија преку користењето на финансиските инструменти за подигнување на стандардите и на квалитетот на живеење и намалување на развојните разлики внатре во државата и со земјите членки на Унијата. Во рамките на овој проект, преку трите планирани повици, шансата ја имаат сите општини и центрите за развој на планските региони“, додаде министерот Пенов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

