Свет
Борел: Човек треба да може да го критикува Израел, без да биде обвинет за антисемитизам

Акцијата на Израел треба да може да се критикува без обвинувања за омраза кон Евреите, изјави денеска во Европскиот парламент, Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на Европската Унија. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност во Парламентот во Стразбур говореше по враќањето од петдневната мисија на Блискиот Исток.
Тој го осуди нападот на Хамас на 7 октомври нарекувајќи го најголемиот масакр врз Евреите од Втората светска војна, но и она што Обединетите нации го прогласија за хуманитарна катастрофа во Појасот Газа.
„Резултатот од блокадата што го спречи доаѓањето на клучните резерви е исто така еден вид масакр“, вели шпанскиот социјалист.
„Човек треба да го признае правото на Израел да се брани, но во исто време да биде огорчен поради тоа што им се случува на палестинските цивили“, рече Борел и нагласи дека политиката на Израел треба да може да се критикува, „без да биде обвинет дека ги мрази Евреите“.
Шефот за надворешна политика на ЕУ рече дека е меѓу првите што се спротивстави на прекинот на снабдувањето со вода и електрична енергија во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право, и му порача на Израел дека на енклавата треба да ѝ се даде пристап до лекови, вклучително и анестетици.
Тој нагласи дека ЕУ е крајно загрижена и за нападите на израелските доселеници врз цивилното палестинско население на окупираниот Западен Брег. Борел рече дека овој конфликт не може да се реши со воени средства и дека Хамас не може да остане на власт во Газа, но и дека не може да има израелска контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп одговори на прашањето „што е жена“

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика смеа кај новинарите кога еден од нив го замоли да дефинира што е жена.
Трамп зборуваше на прес-конференција кога еден новинар му кажа дека претседателот направил многу за жените, пред да ги наведе жените кои имаат моќни улоги во неговата администрација, вклучително и шефицата на кабинетот Сузи Вајлс, прес секретарката Каролин Левит и јавната обвинителка Пем Бонди.
„Бидејќи се чинеше дека демократите се мачеа да одговорат на ова прашање, сакам да ве прашам што е жената и зошто е важно да ја разбереме разликата помеу жените и мажите?“ прашал новинарот.
Присутните се насмеаа, а Трамп рече дека на прашањето е лесно да се одговори.
REPORTER: What is a woman?
TRUMP: Well it’s sort of easy to answer for me because a woman is someone who can have a baby under certain circumstances … a woman is a person that in many cases has been treated very badly pic.twitter.com/VoSGhOTgyN
— Aaron Rupar (@atrupar) March 28, 2025
„Жената некој кој може да имаат бебе под одредени околности. Таа има еднаквост. Жената е личност која е многу попаметна од мажот. Жената е личност која дури не му ни дава на мажот шанса да успее”, рекол Трамп.
Потоа се осврна на прашањето за трансродовите спортисти кои се занимаваат со женски спортови.
„А жената е личност која во многу случаи е третирана многу лошо. Затоа што мислам дека она што се случува со ова лудо, лудо прашање за тоа дека мажите можат да играат женски спортови е смешно и многу неправедно кон жените, а и многу понижувачко кон нив“, рече Трамп.
Администрацијата на Трамп презеде брза акција за борба против родовата идеологија. Трамп потпиша наредба која посебно се однесува на прашањето на транс спортистите во женскиот спорт. Наредбата им забранува на образовните институции кои добиваат федерални средства да им дозволуваат на транс спортистите да се натпреваруваат против жени.
Свет
Се предвидува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000 лица

Сите воени и цивилни болници, како и здравствените работници, мора да работат заедно на координиран и ефикасен начин за да обезбедат ефективен медицински одговор, рече лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, според државните медиуми.
Најмалку 1.644 луѓе загинаа, а 3.400 се повредени во земјотресот со јачина од 7,7 степени во петокот, еден од најсилните што го погоди Мјанмар во еден век, соопшти претходно воената влада.
Моделските предвидувања на Американскиот геолошки институт проценуваат дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000, а загубите би можеле да го надминат годишното економско производство на земјата.
Земјотресот ја погоди земјата веќе зафатена од хаос поради граѓанската војна што ескалира по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната влада на нобеловката Аунг Сан Су Чи. Пучот предизвика вооружен бунт.
Вооружените конфликти ја уништија претежно аграрната економија на Мјанмар, поранешна Бурма. Во конфликтот во земјата се раселени повеќе од 3,5 милиони луѓе, а основните услуги, како што е здравствената заштита, се во неред.
Свет
Бангкок не се откажува од потрагата по преживеани: „Мораме да ги најдеме“

Заменик-градоначалничката на Бангкок, Тавида Камолвеј, се врати од местото на урнатата зграда во областа Чатучак и за Би-Би-Си изјави дека спасувачките операции продолжуваат: „Нема да се откажеме“.
„Се уште се обидуваме да влеземе под урнатините, но 30-те ката од урнатата зграда создадоа огромна маса која е исклучително тешко да се пробие“, рече Камолвеј.
Спасувачите користат рендген апарати за да откријат какви било движења и знаци на живот во слоевите на бетон и метал.
„Сè уште бараме 79 исчезнати лица. Сè уште верувам во мојот тим. Работиме без престан, повеќе луѓе пристигнуваат. Мораме да ги најдеме“, рече таа.