Црна хроника
Уапсен е инспектор од Државниот пазарен инспекторат, примал поткуп
Вчера, во 12 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш – Отсек за економски криминал го лишија од слобода 33-годишниот К. Ѓ. од село Подареш, Радовишко, вработен во Државниот пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица, со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело примање поткуп по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, извести МВР.
„На 21.11.2023, осомничениот, од двајца жители на Радовишко, примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок во согласност со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејство, кое бил должен да го изврши. Во моментот кога е лишен од слобода кај него се пронајдени парите што ги примил како поткуп. Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К. Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и Радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во другите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор, кој бил должен да го изврши, соопшти МВР.
К. Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.
На 19 ноември рано утрото, осомничениот управувал товарно возило „мерцедес“, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија.
Возејќи по регионалниот пат од Валандово кон Дојран, не се придржувал кон одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако бил должен да го држи возилото во движење што поблиску до десниот раб на коловозот и да го прилагоди движењето на условите на патот за да не ги загрози другите учесници во сообраќајот, тој не го сторил тоа и изгубил контрола, возилото излегло на банкината надвор од коловозот и се превртело на десната страна. Но во полуприколката на камионот имало и 10 кинески државјани, од кои при превртувањето 35-годишна жена и еден маж го загубиле животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди.
„Бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, имајќи во предвид дека осомничениот е странски државјанин, заедно со видот и тежината на стореното кривично дело и последиците од него, бидејќи се работи за кривично дело со смртни последици и повеќе повредени лица, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Во меѓувреме се преземаат дејствија и за испитување на евентуални елементи на кривично дело криумчарење мигранти“, се истакнува во информацијата од обвинителството.
Црна хроника
Управителка на фирма во Кичево, наместо покрив, доградила дополнителен кат и потпокрив
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење издадено од општината. Наместо покрив над петтиот кат, таа неовластено изградила уште еден кат и поткровје, што не било предвидено во проектот.
Црна хроника
Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон
Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 денари и мобилен телефон.

