Свет
Герт Вилдерс победи на изборите во Холандија – познат е по неговите антиисламски ставови и е против испраќање помош за Украина
Европскиот скептик и екстремен десничар Герт Вилдерс убедливо победи на изборите во Холандија, што може да доведе до референдум за излез од Европската Унија, „Нексит“, пишува „Политико“.
Дури и ако холандските гласачи решат да останат во Унијата, ставовите на Вилдерс, заедно со другите европски десничари, ќе имаат влијание врз понатамошната политика на Европската Унија, особено кога станува збор за миграцијата, климатските промени и оружената помош за Украина.
Откако претседателот на Народната партија за слобода и демократија (ВВП), Дилан Јешилгоз, сигнализира дека потенцијално ќе влезе во коалиција со Партијата за слобода на Вилдерс (ПВВ), новиот премиер ја намали запаливата антимуслиманска реторика, која доведе до обвинувања за исламофобија.
„Разбирам дека другите партии не сакаат да коалираат со партија што сака да воведе противуставни мерки. Нема да разговараме за Куранот, џамиите и исламските училишта“, коментира Вилдерс.
Партиите од центарот во изминатите 10 години ги држеа десничарите надвор од власта, но, како што се наведува, ги потврдија со воведување на прашањето за миграцијата во јавниот дискурс.
„Главната причина зошто гласачите го поддржаа Вилдерс на овие избори е неговата антиимигрантска агенда, како и неговата позиција за високите трошоци за живот и здравствена заштита“, вели Сара де Ланге, професорка по политички науки на Универзитетот во Амстердам.
Порастот на популарноста на десничарските лидери во Европа стана значаен во изминатите години, што ќе доведе до промени во општата политика на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата и развој на нови стратешки системи за оружје, додека во главниот град Пјонгјанг се одржа голема воена парада по повод завршувањето на партискиот конгрес, објавија државните медиуми.
Според агенцијата KCNA, Ким рече дека земјата има „цврста волја“ дополнително да ги прошири и зајакне своите нуклеарни сили и да го зголеми бројот на боеви глави и оперативни средства. Тој, исто така, најави развој на помоќни интерконтинентални балистички ракети, како и напредни системи што вклучуваат вештачка интелигенција и беспилотни летала.
Деветти конгрес на владејачката партија
Деветтиот конгрес на владејачката Работничка партија на Кореја траеше една недела, на кој беа поставени клучните политички цели за следните пет години, а заврши со воена парада што, според KCNA, го демонстрираше растечкиот меѓународен статус на земјата.
Односи со САД
Ким рече дека можноста за подобрување на односите со САД зависи од, како што рече, подготвеноста на Вашингтон да се откаже од „политиката на конфронтација“, додавајќи дека во тој случај „нема причина двете земји да не воспостават добри односи“. За време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, двајцата лидери се сретнаа три пати, но преговорите не доведоа до траен договор.
Затегнување на односите со Јужна Кореја
Во исто време, Северна Кореја ја заостри својата реторика кон Јужна Кореја, која Ким ја нарече свој најголем противник и непријател, и ја отфрли можноста за дијалог со владата на претседателот Ли Џе-Мјунг, и покрај сигналите од Сеул за подготвеност за подобрување на односите.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.

