Забава
Фреди Меркјури на денешен ден објави дека има СИДА, тој почина веќе следниот ден

Се ближи 32-годишнината од смртта на популарниот пејач, член на групата „Квин“, Фреди Меркјури, кој почина на 46-годишна возраст. На 23 ноември 1991 година, популарниот пејач објави дека има СИДА, а почина од бронхопневмонија веќе следниот ден.
Меркјури веќе имал симптоми на болеста во 1982 година, а во 1987 година му била дијагностицирана СИДА. Во 1992 година, концерт во негова чест се одржа на стадионот Вембли, за да се подигне свеста за СИДА-та.
Меркјури е роден како Фарок Булсара и беше британски пејач, текстописец и член на рок групата Квин. Како член на Квин, Меркјури постхумно беше примен во Куќата на славните на рокенролот во 2001 година, во Куќата на славните на текстописците во 2003 година и во Музичката куќа на славните во Велика Британија во 2004 година.
Имено, Меркјури и останатите членови на групата Квин ја добија наградата Брит за особен придонес во британската музика во 1990 година, а една година по неговата смрт ја доби истата награда, пишува нет.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откога минатата година ѝ беше дијагностициран рак. На јутјуб-каналот на Кејт и Вилијам, како и на „Инстаграм“, објавено е кратко видео, на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.
View this post on Instagram
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа ѝ е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој кому му е дијагностициран рак, потребно е време да се приспособи на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на „Инстаграм“.
Забава
Пламнуваат бргу: ова се најнервозните хороскопски знаци

Има луѓе кои на стрес реагираат со длабок здив, шолја чај и зборовите „ох, се ќе биде во ред“. А потоа, тука се и овие хороскопски знаци кои се разгоруваат побрзо од запалка на ветрот, особено ако им кажете: „Ајде, смири се“.
За нив емоциите се како молња, а кога нешто не оди како што планирале – подобро е да се тргнете од патот.
Овен
Овните немаат нерви и толку. Чекање, комплицирање, пасивна агресија? Тоа не доаѓа предвид. Ако нешто не им се допаѓа, веднаш ќе го кажат тоа. Ако нешто ги фрустрира, сите во собата ќе знаат. И ако им кажете да се смират – ќе бидат погласни.
Не знаат да молчат и да голтаат. Веднаш реагираат, па можеби утре ќе се извинат, но денес? Денес е војна. Со Овенот знаете за што сте, но знаете и дека нервите ќе ви се тресат штом почнат да превртуваат со очите.
Близнаци
Близнаците се секогаш вклучени, но никогаш стабилни. Нивниот мозок работи со 300 на час, а нивното расположение се менува одвреме-навреме. Кога се нервозни, зборуваат дури и побрзо од вообичаено, скокаат од тема на тема и реагираат на секој предлог за смирување како да сте им кажале да го избришат Инстаграмот. Ако сакате мирен Близнак, фатете го додека спие. Можеби.
Девица
Девицата не вика и не фрла работи, но одвнатре? Еруптира како вулкан. Нејзината нервоза доаѓа од перфекционизмот. Ако нешто не оди според планот, ако некој не ги почитува правилата, веднаш е под стрес. И ако потоа ѝ кажете: „Опушти се, не е крај на светот“, ќе го добиеш тој поглед кој вели: „Во мојата глава, светот завршува токму сега, ти благодарам“. Девицата веројатно ќе ја задржи присебноста, но на пасивно-агресивен начин ќе ве потсети дека била во право. И дека сте биле неорганизирани.
Забава
Ана Ивановиќ на својата бајковита свадба во Венеција облече два фустана за кои целиот свет и денес зборува

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ беше главна тема во германските медиуми кога почна врска со популарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој наводно поради неа ја оставил познатата германска манекенка Сара Бранднер.
Сега сите се изненадени од веста дека овој пар се разведува, а иако сè уште не објавиле, на нивната љубов наводно ѝ дошол крајот.
За време на својата децениска љубов тие добија три сина, а нивната бајковита свадба во Венеција привлече големо внимание.
Во 2016 година Венеција стана центар на светот кога станува збор за оваа двојка, а нивната венчавка беше покриена од повеќе од 200 медиуми.
Кума на Ана ѝ беше пливачката Мирослава Најдановски, а кум на Бастијан му беше скијачот Феликс Нојројтер.
Првин организираа граѓанска, а потоа и црковна венчавка еден ден подоцна. Ана блескаше во нереални фустани.
На првиот ден од венчавката таа носеше едноставна бела венчаница од дизајнерот Паркер Фарал, која ја купи преку интернет за 275 евра. Сè на неа беше совршено, од фустанот до пуштената коса и дискретната шминка.
На вториот ден од свадбата Ана носеше елегантна креација на Сузи Тарнер, со долг вел и букет божури.
Како и секогаш, гламурозна, подготвена и елегантна, убавата Ана доминира во внимателно избрани креации, кои ги воодушевија сите, а младоженецот блескаше во црн свечен костум.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, парот за венчавката потрошил милион евра, но тоа никогаш не било официјално потврдено.