Македонија
„Политиката на подаништво ја вовлекува државата во војна“, велат од партијата Левица
„Целосната зависност на надворешната и безбедносната политика на Македонија го потврди новиот акт на подаништво, кој деновиве го соопшти министерката Славјанка за обучување украински војници во нашата држава. Антинародната Влада на СДС и ДУИ овозможила обука на украински војници во Македонија, со што уште еднаш директно ја вовлекуваат државата во конфротација со земја членка на Советот за безбедност“, велат од Левицата.
„Ова е само уште еден доказ дека насилното вовлекување на земјата во НАТО нè прави потенцијална цел заради остварување на интересите на трети држави, а на огромна штета на Македонија. Имајќи ги предвид капацитетите на АРМ, се отвораат следниве прашања: „ој ја вршел целата оваа обука и Дали странски безбедносни структури ја спроведувале целата обука?
Несомнено е дека Македонија нема апсолутната никаков интерес од вмешување и учество во воени дејства. кои се директна последица на империјалистичката политика што ја води колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено со политиката на санкции, ги плаќаат македонските граѓани, кои се манифестираат преку вртоглавата инфлација во сите сфери на економијата, проследени со хронична енергетска и социјална криза.
Молкот за вазалската надворешна надворешна и безбедносна политика на ДПМНЕ е само поддршка и ветар во грбот за нејзино продолжување од Владата на СДСМ и ДУИ. За чии интереси одработува врхушката на политичката елита?“, се наведува во соопштението на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

