Македонија
ТИРЗ – oтворен повик за инвестиции во 50 мегавати соларни централи
Дирекцијата за ТИРЗ објави отворена постапка за доделување на локации во пет различни технолошко индустриски развојни зони за изградба и поставување соларни централи. Склучување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, стопанисување и финансирање на овие централи е предвидено во ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2, ТИРЗ Штип, ТИРЗ Струмица, ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга.
Со ова целта е да се искористи дел од земјиштето во склоп на зоните кое во изминативе години, а во некои случаи повеќе од 15г. , е неискористено. Во најголем дел станува збор за парцели кои не се погодни за изградба на производствени капацитети. Со ова ТИРЗ сака да придонесе кон зајакнување на енергетските капацитети на државата како и на забрзување на транзицијата кон економија базирана на зелена енергија што е глобален тренд
Согласно изработената студија на изводливост, се очекуваат инвестиции од 40 милиони евра и максимален инсталиран капацитет од 50 мегавати. Постапката е деллива што отвора можност да инвестираат повеќе компании. На повикот важат исти услови за инвестирање и за домашни и за странски компании.
Државата ќе добие процент од приходите на секоја од компаниите што ќе инвестира, а предвиден е и дополнителен фиксен надомест за земјиштето. Договорите ќе бидат склучени на 25 години, а според проценките во Студијата која ја изработи реномираната меѓународна ревизорска куќа Грант Торнтон, само фиксниот надомест за овој период е проектиран на 14 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за подготовка на самото земјиште во Зоните, како и за други инфраструктурни зафати со цел побрза и поуспешна реализација на овие инвестициски проекти. Дел од приходите ќе се користат и за финансирање на други тековни иницијативи на ТИРЗ за поддршка за млади. Повикот е отворен 35 дена и е објавен на следниот линк:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/481b0066-7c8e-4e63-ae81-8e1442c487d6/1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

