Македонија
Три шлепери се претекнуваат при забрана за тешки товарни возила, вели директорот на „Македонија пат“

Директорот на ЈП „Македонија пат“, Крстијан Ацевски се огласи на социјалните мрежи.
„Три шлепери се претекнуваат еден со друг при забрана за сообраќај за Тешки Товарни Возила. Далеку сме од совршени, ама ако не можеме да пристапиме интервенциите се практично невозможни! Апелираме да се почитуваат сите правила, прописи и актуелни забрани за одвивање на сообраќајот во зимски услови!!!“, напиша Ацевски на ФБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непростливи се институционалните пропусти за Тораница, одговорност веднаш: Зелен хуман град повикува на протест

Зелен хуман град (ЗХГ) најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што според најавите, почнува пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Рокот измина, институциите не само што не одговорија на нашите барања за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот Тораница, туку и в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, јавно кажа дека инспекторите не зеле мостри зашто „очигледно е дека имало еколошки инцидент, не треба инспекторите сега со мостри да видат дали има, гледаат дека има“.
Во целата оваа трагедија, како што велат, единствено очигледно е дека има непростливи институционални пропусти и ги интересира кој од службените лица ќе одговара за нив.
„Искрено, веќе не е битно дали си од партија или независен, дали си еко-активист или „сеедно ти е“, дали си стар, млад, жена, маж, дете, маче, куче. Не е битно зошто водата што ја пиеме, храната што ја јадеме и воздухот што го дишеме – ќе нѐ убијат сите.
Групите кои се членки на Зелен хуман град речиси 15 години континуирано протестираат за своите каузи без оглед кој е на власт“.
Се обраќаат како што навестуваат во соопштението до сограѓаните кои се членови на партиите на власт. Порачуваат дека партијата нема да ги спаси од болести.
„Партијата нема да ве спаси од умирачка! Не молчете! Бидете гласни внатре во партијата! Не им дозволувајте на вашите сопартијци поради лична придобивка да ви ги загрозуваат животите! Побарајте одговорност од секој член на вашата партија што се сомневате дека сака да го прикрие труењето од Тораница! Од Крива Река и од Тораничка се наводнуваат посеви, се напојува добиток! Сите сме загрозени! Излезете на улица, не сте ничии робови, раководните лица во партијата не ви се господари! Борете се принципиелно за сопственото право на здравје, за сопственото право на живот! Дојдете со нас, сите заедно да побараме одговорност, транспарентност и итни мерки за заштита на нашето здравје и животната средина“, порачуваат од Зелен хуман град.
Нагласуваат дека доколку институциите сакаат да ги блокираат на социјалните медиуми, ќе им дојдат на врата за да ги чујат!
Според нив институциите треба да се потсетат зошто постојат, кој ги плаќа и кому треба да му служат.
Македонија
Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерација“

Во судот сведочи денес Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите.
Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата.
Тој беше и прашан каков ученик бил на што одговори: До петто одделение учев со Радмила Шеќеринска со која бевме првенци на генерација. Сакаа да ни ги сецираат мозоците за да видат што имаме во главите. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Ме запиша татко ми во средно економско училиште, за полесно да ме вработел”, сведочеше таткото на Вања.
Обвинителството со прашањата се обидува да го дискредитира Ѓорчевски за да докаже дека учествувал во заговорот да ѝ се бараат пари на мајката на Вања за откуп.
Обвинетите Манев, Видевски и Кешишев во сведочењата претходно рекоа дека не го познавале Александар Ѓорчевски и ја отфрлија неговата поврзаност во счучајот со грабнувањето и убиството на неговата ќерка. На претходното рочиште и Ѓорчевски рече дека не ги познава, и мижи со очите кога сведочат оти повеќе не може да ги гледа и слуша како раскажуваат што му направиле на неговото дете.
Македонија
Законот за судска служба објавен на ЕНЕР

Предлог-законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, треба да се донесе до јуни 2025 година, информира Министерството за правда.
„Министерството за правда пристапи кон изготвување на овој закон ,во кој се внесени препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи што се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба , содржани во Стратегијата за човечки ресурси во судската служба и препораките од реформската агенда.
Со цел да се обезбеди независност на судството, предлог-законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба“.
Со ова, како што велат, се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник.
Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки.
Оваа реформа, според ресорното министерство, е од клучно значење за мотивирање на вработените, кои треба да бидат посветени во давањето на висококвалитетни јавни услуги.
„Со ова законско решение им се излегува во пресрет на синдикатите и на нивните долгогодишни барања. Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на предлог-законот за судска служба, кој, според реформската агенда, треба да се донесе до јуни 2025 година“, се истакнува во соопштението.