Македонија
Стефковски: Со 420 реализирани и почнати проекти, нема место во Гази Баба каде нема нешто направено
Нема место во општина Гази Баба каде што во изминатиот период нема реализирано повеќе проекти. Имавме јавен настан, го презентиравме отчетот, вкупно 420 реализирани проекти и проекти кои се отпочнати со реализација, работевме макотрпно и затоа резултатите стигаат, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешниот настан „Важно е! Платформа за иднина“ во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените“.
Стефковски истакна дека општината ја затекнал во катастрофална ситуација во 21 век имало проблеми како недостаток на вода за пиење, фекална канализација или асфалт и од првиот ден се работи на решавање на овие проблеми.
– Ќе продолжиме со оваа динамика за жителите од руралниот дел на Гази Баба да ги немаат овие проблеми кои ги имаа години наназад. Сериозно се посветивме на патната инфраструктура, за две години име асфалтирано улици во вкупна површина од 29.000 метри квадратни, во скоро сите населени места. Работевме на подобрување на образовната инфраструктура, за две години имаме инвестирано повеќе од 50 милиони денари само во основните училишта. Работевме на подобрување на спортската инфраструктура, 18 игралишта изградивме и реконструиравме, а она што сакам да ги потенцирам е дека конечно ја пуштивме новата спортска сала во ОУ Кирил и Методиј и започнавме изградба на нова во Булачани, изјави Стефковски.
Стефковски нагласи дека еден од клучните проекти е обезбедување на бесплатна училишна униформа на сите 6800 ученици во Гази Баба за да се надминат социјалните бариери и воедно додаде дека централната власт ја кочи наменската обврзница со која треба да се реализираат 6 клучни проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

