Свет
Египет му се заблагодарува на Катар oти се одржува примирјето
Египетскиот претседател му се заблагодари на Катар за неговата улога во посредувањето за продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас.
По одложувањата вчера околу ослободувањето на заложниците во Газа, процесот денес се чини дека започна непречено (видете ја нашата објава 16.26).
Катар и Египет играа среден човек меѓу Израел и Хамас, а Абдел Фатах ал Сиси денеска му се заблагодари на катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.
„Се радувам на поголема соработка која може да помогне да се исполнат аспирациите на палестинскиот народ и да се воспостави сеопфатен мир во регионот“, рече Сиси на социјалните мрежи.
Хамас денеска соопшти дека на третиот ден од примирјето му предал на Црвениот крст 13 израелски заложници, тројца тајландски државјани и едно лице со руско државјанство.
Израелските одбранбени сили соопштија дека 14 израелски и тројца странски заложници се префрлени во Црвениот крст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ го разреши министерот за здравство кој утрово беше уапсен
Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ го разреши министерот за здравство, Вили Берош, кој утрово беше уапсен.
„Премиерот го разреши Вили Берош од министерските должности. Тој ја назначи Ирена Хрстиќ за државен секретар кој раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата новиот министер“, соопштија од хрватската влада, пренесе „Индекс“.
Хрватската полиција утрово во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организиран криминал (УСКОК) го уапси министерот за здравство Вили Берош, јавија хрватските медиуми.
Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.
Свет
Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин, според последните анкети
Осум од десет (79 отсто) Руси прилично добро ја оценуваат работата на рускиот претседател Владимир Путин, а исто толку, 80 отсто, имаат доверба во него, покажуваат резултатите од истражувањето на Руската агенција за јавно мислење (ФОМ).
Мнозинството (79 отсто) од испитаниците одговориле дека Путин е доста добар во својата работа, додека 8 отсто ја оценуваат неговата работа како „прилично лоша“, покажуваат резултатите од истражувањето објавени на веб-страницата на ФОМ, пренесува РИА Новости.
На прашањето за довербата во претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека „попрво би му верувале на Путин“, додека 11 отсто од Русите „попрво не би му верувале“, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да стави крај на руско-украинската војна.
„Ќе работиме на Блискиот Исток и ќе работиме многу напорно на Русија и Украина. Ова мора да престане. Русија и Украина мора да престанат“, рече Трамп на церемонијата за Американскиот институт за политика во клубот Мар-а-Лаго во Флорида, додавајќи:
„Денеска го видов извештајот. Илјадници луѓе се убиени во последните три дена. Илјадници и илјадници беа убиени. Случајно беа војници, но дали се војници или луѓе што седат во градовите, ние ќе работиме на тоа“.
Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“.
„Најголемата политичка победа во последните 129 години“, рече Трамп.
Републиканците обезбедија мнозинство на минатонеделните избори и ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.
Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 против демократската ривалка, потпретседателката Камала Харис.
Трамп ќе го преземе четиригодишен мандат во јануари следната година.