Свет
Хорор во Казахстан: се запали хостел, настрадаа 13 лица
Тринаесет лица загинаа во денешниот пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градското одделение за итни случаи.
Пожарот избувнал рано утринава во трикатница, во која на приземјето и во подрумот престојувале 72 гости.
Жртвите починале од труење со јаглероден моноксид, а преостанатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, три лица се префрлени во болница.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потврдено: Телото што го најде фармер во Германија е на исчезнатото 6-годишно дете Аријан
Детето чиешто тело е пронајдено на ливада во Долна Саксонија е малиот Аријан кој исчезна пред два месеци, утврдила ДНК анализата, пишува германски Шпигел.
Шестгодишното момче од Бремерверде-Елм исчезна на 22 април. Стотици припадници на итната помош го бараа момчето со аутизам – на копно, од воздух и во вода.
Телото го пронашол земјоделец додека ја косел тревата
Во понеделникот попладне, фармер го пронашол телото на детето додека косела ливада во Есторф, во областа Стаде. Ливадата се наоѓа на само неколку километри од куќата на Аријан.
Вештаците го извлекле телото и го прегледале местото каде што е пронајдено. Областа беше пребарувана неколку пати од службите за итни случаи за време на потрагата по Аријан во април, изјави портпаролката на полицијата.
По многубројните неуспешни пребарувања, во кои беше вклучен и Бундесверот, активната потрага по момчето беше прекината. Во потрагата беа користени повеќе од 1.200 луѓе, полицајци на коњи и дронови. Од тој момент истрагата ја презеде увидна екипа на полицијата.
Регион
Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк
Во детската болница во Нови Сад вчера биле примени шест деца, а пет од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика.
Според српските портали, постои сомнеж за труење со хлор во воден парк.
Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми. „Нова.рс“ споменува иритација на очите, кашлица, печење во носот. Едно дете е пуштено на домашно лекување.
Од новосадската полиција потврдија дека е добиена пријава за труење со хлор, но не откриваат детали.
Регион
Во Белград наврнаа 80 литри дожд, пожарникарите спасуваа на 40 локации
Невремето што синоќа го зафати Белград донесе многу проблеми. Пожарникарите-спасувачи во текот на ноќта беа ангажирани на повеќе од 40 локации на територијата на градот.
Во Белград синоќа наврнаа повеќе од 80 литри дожд на метар квадратен, што предизвика големи проблеми. Најголемата е што канализацијата не можеше да прими толкава количина на вода, па остана во сите вдлабнатини, подвозници, засеци. Невремето прво ги зафати населбите Сремчица и Подавла, потоа центарот на градот и Баново брдо.
Водата однесе бројни капаци од шахти, па десетина возила беа оштетени додека минуваа низ водата. Сите комунални служби се на терен и ги санираат последиците од поплавите. Милан Коциќ од Одделението за вонредни состојби за РТС изјави дека во Белград се уште се врши испумпување на водата.
Утрово избувна пожар во магацин на Петлово брдо покрај Ибарската магистрала. Според првичните информации нема повредени, во гаснењето учествувале 12 возила и 30 пожарникари кои успеале да го локализираат пожарот.
На повеќе од 40 локации на територијата на Белград поради обилни врнежи во текот на ноќта биле ангажирани припадници на Одделението за вонредни состојби, а најголем број интервенции имало во окрузите Колубара и Расин, соопшти полицијата.