Свет
Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим
Хамас ја презеде одговорноста за пукањето утринава на автобуска станица во Ерусалим, во која загинаа три лица, а 16 беа повредени.
Милитантната организација го пофали своето воено крило, бригадите „Ал Касам“, за „херојската операција во Ерусалим“ на „Телеграм“.
Според израелската полиција, напаѓачите биле неутрализирани на самото место. Станува збор за двајца браќа, Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности, пишува „Скај њуз“.
„Потврдуваме дека оваа операција е природен одговор на злосторствата на окупаторите, вклучително и бруталните масакри во Појасот Газа и убиствата на децата во Џенин, како и на насилството врз нашите затвореници, кои се во окупациски затвори“, се вели во соопштението на Хамас.
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека двајцата напаѓачи во Ерусалим кои пукаа во цивили на автобуската станица се членови на милитантната група Хамас кои живееле во источниот дел на Ерусалим.
„Ова се очигледно оперативци на Хамас. Хамас има два гласа – едниот заговара прекин на огнот, а другиот терор. Овој инцидент уште еднаш докажува дека не смееме да покажеме слабост и дека со Хамас мора да разговараме само преку акции, само преку војна“, рече Гвир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.