Свет
Хамас ослободи шест нови заложници
Израелската армија доцна вчеравечер соопшти дека шест израелски заложници се ослободени во Појасот Газа.
„Седмата група сега е целосно ослободена откако претходно беа ослободени две заложнички“, соопштија тие.
The eight Israeli hostages released from Hamas captivity tonight: Siblings Bilal and Aisha Ziyadne, Ilana Gritzewsky, Nili Margalit, Shani Goren, Amit Soussana, Sapir Cohen, Mia Schem. pic.twitter.com/3J2ESpZ1tp
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 30, 2023
Сестрата и братот Ајша Зијадне (17) и Билал Зијадне (18) се меѓу израелските заложници што вчера беа ослободени. Тие беа киднапирани од кибуцот Холит заедно со нивниот постар брат Хамза и таткото Јусеф.
Од денот на нападот поширокото семејство на Зијадне постојано бдее пред домот на Јусеф, објави „Тајмс оф Израел“.
Заедно со нив беа ослободени Нили Маргалит (40), Шани Горен (29), Сапир Коен (29), Илана Грицевски (30).
The Israeli hostages who were released include 2 minors & 6 women of dual nationality:
⁃A Mexican
⁃A Russian
⁃An Uruguayan
They We’re handed over to the ICRC.— د. ماجد محمد الأنصاري Dr. Majed Al Ansari (@majedalansari) November 30, 2023
Покрај нив, ослободени се и две деца, соопшти Катар. Меѓу шесте ослободени жени има и жени со мексиканско, руско и уругвајско државјанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Писмо со сомнителен прав доставено до кабинетот на белгискиот премиер Де Кроа
Писмо во кое имало прашок од сомнителен состав утрово е доставено до кабинетот на белгискиот премиер Александар де Кроа, пренесоа белгиските медиуми.
Инцидентот го потврдија од Бриселската противпожарна бригада, кои соопштија дека едно лице кое дошло во контакт со писмото, превентивно било пренесено во болница.
На местото на настанот, покрај противпожарната бригада, се испратени и полиција и цивилна заштита, кои го однеле писмото на дополнителна анализа, пишува „Brasels tajms “.
Според извештаите, ова е трет пат оваа недела во Брисел да се најде писмо со сомнителен прав.
Во средата наутро сличен инцидент се случил во канцеларијата на Службата за државна безбедност, а уште еден сомнителен плик бил откриен во средата попладне во полицијата.
Во инцидентите немало последици од контаминација, а засега не се знае дали овие три случаи се поврзани, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.