Свет
Израел објави нова карта на Газа: Ќе им служи на цивилите за следната фаза од војната

Израелската војска направи мапа на Газа, која е поделена на стотици зони. Се наведува дека мапата ќе се користи за да помогне во евакуацијата.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нова мапа, со области означени со разни бројки и објаснија како ќе им помогне на цивилите да се подготват за следната фаза од војната, пишува Би-би-си.
ИДФ вели дека мапата е поделена на препознатливи области за да им овозможи на луѓето да се евакуираат од одредени места поради нивна безбедност.
Израел го обвинува Хамас за кршење на примирјето, а Хамас ја префрла одговорноста на Западот
Повеќедневното примирје меѓу Израел и Хамас заврши денеска. Израел го обвини Хамас за кршење на примирјето велејќи дека не се придржува до договорот, а милитантната организација ја префрли одговорноста на Западот. Владината канцеларија за медиуми во Газа, која е под контрола на Хамас, ги обвини САД и меѓународната заедница за продолжувањето на борбите во Газа, пишува Си-eн-eн.
Министерството објави дека САД и меѓународната заедница „носат одговорност за злосторствата на израелската окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Појасот Газа“. Во соопштението се додава дека Палестинците имаат право да се бранат со сите средства и да основаат палестинска држава со главен град Ерусалим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол К-Поташ Сервис, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен кој почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва Тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности, не само во деловните кругови, туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Свет
Масовен прекин на електричната енергија во Берлин, сомнение за саботажа: државната безбедност почна итна истрага

Денес беше пријавен сериозен прекин на електричната енергија во југоисточен Берлин. Според податоците од Берлинскиот информативен центар за сообраќај, ниту семафорите ниту јавниот превоз не работат.
Портпаролот на компанијата „Стромнец Берлин“ утрово околу 3:30 часот за весникот „Билд“ извести дека имало пожар, кој зафатил два далновода. Пожарот бил изгаснат, но огнот ја пукнал водоводната цевка.
Полицијата е на местото на настанот и блокирала голем дел од Кенигшајд за истрагата.
„Врз основа на моменталните информации, се сомневаме на подметнат пожар“, изјави портпаролот на полицијата.
Одделот за државна безбедност на полицијата, кој е одговорен за политички мотивирани злосторства, ја презеде истрагата за прекинот на електричната енергија.
„Околу 50.000 клиенти беа погодени“, се вели во одговорот.
Оваа бројка се однесува и на домаќинствата и на компаниите.
Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно додека електричната енергија не се врати во Берлин.
Фото: принтскрин
Свет
Почна судењето за мајката што ги труеше своите деца на Нов Зеланд: телата ги криела во куфери

Во судот во Окленд почна судењето на 44-годишната Хакиунг Ли, обвинета за убиство на своите две мали деца и за криење на нивните тела во куфери. Клучен доказ за Обвинителството е тест што покажува дека во останките на децата се пронајдени траги од антидепресиви, објавува Би-би-си.
Хакјунг Ли е обвинета за убиство на својата осумгодишна ќерка Јуне Џо и на шестгодишниот син Мину Џо. Иако призна дека ја предизвикала нивната смрт и ги криела телата во магацин, таа се изјасни за невина по обвиненијата за убиство. Нејзината одбрана тврди дека била ментално болна во времето на злосторството.
Останките на децата беа откриени во август 2022 година кога едно семејство ја купи напуштената магацинска единица на аукција за 401 новозеландски долар. Меѓу предметите за домаќинството имаше два куфера. Додека товареше, купувачот забележа чуден мирис, кој го спореди со „мирис на мртов стаорец“.
Дома тој користел нож за да ги отвори заклучените и залепени со селотејп куфери и внатре ги пронашол телата на децата, секое завиткано во неколку цврсто врзани црни пластични кеси.
Обвинителката Натали Вокер му рече на судот дека траги од антидепресивот „нортриптилин“ се пронајдени во градната празнина и во црниот дроб на двете деца. Лекот не се препорачува за деца и може да предизвика напади, поспаност или смрт во случаи на предозирање.
На Ли ѝ бил препишан лекот во 2017 година кога му се пожалила на својот лекар за несоница и вртоглавица по дијагнозата на рак на сопругот. Обдукцијата не открила знаци на физичка траума, како што се скршени коски, но патологот заклучил дека децата починале насилно од неодредени средства, вклучително и употреба на „нортриптилин“.
Обвинителството тврди дека Ли постојано сугерирала, по смртта на сопругот Јан Џо во ноември 2017 година, дека таа и децата ќе умрат ако тој умре. Мајка ѝ се сеќава како ќерка ѝ плачела на телефон велејќи дека ќе умре ако сопругот умре. Ли наводно му испратила порака на својот сопруг: „Ако умреш ти, и јас ќе умрам заедно со нашите две деца“.
По неговата смрт, таа наводно ѝ рекла на пријателка дека посакува авионот да се срушил за да може таа и децата да умрат заедно. Обвинителството исто така тврди дека еден месец откога ги скрила телата на децата, го променила името и отпатувала за Сеул. Таа била уапсена во Јужна Кореја во септември 2022 година и екстрадирана на Нов Зеланд.
Адвокатката на одбраната Лорејн Смит тврди дека лудилото на нејзината клиентка почнало со смртта на нејзиниот сопруг. Пред тоа, рекла таа, тие биле „среќно мало семејство“. Како што неговата состојба се влошувала, Ли почнала да се распаѓа и верувала дека е најдобро сите да умрат заедно. Одбраната вели дека Ли зела антидепресиви и им ги давала и на своите деца, но погрешно ја проценила дозата, а кога се разбудила, децата биле мртви.
„Таа ги убила своите деца, но не е виновна за убиство од лудило“, рече Смит. Судијата Џефри Венинг им рече на поротниците на почетокот од судењето дека клучното прашање ќе биде дали Ли била луда во времето на убиствата. Се очекува судењето да трае до четири недели.
Фото: принтскрин