Свет
Алармантно зголемување на сексуалната експлоатација: „Им ветуваат работа во Европа, па ги држат затворени во станoви“
Има алармантно зголемување на сексуалната експлоатација на жените не само во Шпанија, туку и во остатокот од Европската унија.
Жените со потекло од Латинска Америка, особено од Парагвај и Колумбија, се регрутираат на социјалните мрежи со понуди за работа во Европа, а потоа се принудени на проституција во станови 24 часа на ден, што е ропство во 21-от век, објави шпанската полиција.
Меѓународниот ден за укинување на ропството се слави на 2 декември како потсетување на 1949 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Конвенцијата за сузбивање на трговијата со луѓе и експлоатација.
„Постои алармантно зголемување на сексуалната експлоатација на жените не само во Шпанија, туку и во остатокот од Европската унија, каде што луѓето се тргувани и експлоатирани“, рече полицискиот поручник Елена Колас, од Одделот за трговија со луѓе на шпанската цивилна гарда, за новинската агенција ЕФЕ.
Годинава шпанската полиција го зголеми бројот на акции за 42 отсто во однос на 2022 година.
Од вкупниот број на жртви минатата година, 82 отсто биле жени. Од тој број, 37 отсто или четири од десет се од Парагвај, а потоа следат жените од Колумбија и Шпанија со по 18 отсто, како и Перу, Мали и Венецуела.
Цивилната гарда е изненадена од толку висок процент на жртви од Парагвај во Шпанија бидејќи таа јужноамериканска земја има само 6,1 милиони жители.
Колас вели дека добро соработува со парагвајскиот конзулат, кој помага да се идентификуваат и заштитат жртвите.
„Тоа е важно затоа што тогаш жртвите одлучуваат почесто да пријавуваат такви случаи“, објаснува.
Цивилната гарда открива дека дури половина од сторителите се исто така жени, често поранешни жртви на експлоатација, а од вкупниот број жени и мажи експлоататори, 41 отсто се Шпанци, а 18 отсто Бразилци, Аргентинци и Колумбијци. Се зголемува бројот на Мароканци кои се занимаваат со овој криминал.
Бројни жени од Латинска Америка пристигнаа во Шпанија по пандемијата на коронавирус бидејќи е на пат кон побогатите европски земји Франција, Германија и Холандија. Овие жени речиси секогаш влегуваат во ЕУ преку шпанските аеродроми, а со оглед на тоа што зборуваат шпански, комуницираат без проблеми.
Тие сега се главни жртви, додека претходно беа жени од Нигерија, Романија и Бугарија, рече поручникот.
Сексуалната експлоатација на жените од африканската земја Нигерија доживеа експанзија во 2017 и 2018 година, кога беа мачени по неколку месеци пешачење кон Европа и илегален влез и беа подложни на волјата на киднаперите кои им се закануваа со застрашувачки вуду ритуали доколку не се согласат на проституција.
Дел од верските власти на таа земја рекоа дека никој не смее да биде подложен на таква практика, па тоа можеби влијаело на намалување на евидентираните случаи на проституција, додека кај Романките и Бугарките малку подобрата економска состојба во нивната земјите можеби биле поволни.
Полицијата забележала промена и во начинот на привлекување жртви. Појавата на социјалните мрежи го намали заминувањето на трговците со луѓе во нивните земји на потекло. Тие сега нудат работа во Европа за келнерки, козметичарки, негувателки преку рекламни веб-страници или главно социјални мрежи.
Според Колас, агентите на Цивилната гарда специјализирани за борба против овој вид криминал посетуваат обуки на кои учат како да препознаат трговија со луѓе преку отворени интернет извори.
Индикаторите „излегуваат“ од самите огласи, како оние кои бараат ранливи луѓе на кои им требаат пари, преку оние кои нудат работа да работат и живеат на истото место, до оние кои ветуваат флексибилен распоред или оние кои јасно даваат до знаење дека не е потребно да се зборува шпански.
Се менува и местото каде што се експлоатираат. Полициската контрола на ноќните клубови ги принуди шверцерите да ги префрлат жртвите во преполните станови, каде што остануваат затворени 24 часа на ден и под постојан надзор. Криминалците ги контролираат дури и со далечински уреди.
За разлика од ноќните клубови, полицајците не можат да влегуваат во становите со иста леснотија бидејќи генерално им треба судски налог. Овој заеднички европски проблем се дискутира на меѓународни конференции со цел да се најде решение.
Елена Колас гледа на сексуалната експлоатација како начин на претворање на жените во робови и објективизација.
„За трговците со луѓе тоа е неисцрпен извор на пари. Тие можат многупати да ги продадат“, вели поручникот. Ги повикува жените да пријават сексуална експлоатација и да се идентификуваат како жртви на трговија со луѓе.
„Тие често се принудени да консумираат дрога или да ја продаваат, па се плашат дека полицијата ќе ги депортира и ќе ги обвини за трговија со дрога“, вели Колас.
„Но, тоа не е точно. Полицијата ќе ги гледа како жртви и ќе ги заштити“, додава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му даде целосна поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија: „Тој е силен и моќен лидер“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, порачувајќи дека има негова целосна и апсолутна поддршка за нов мандат.
Трамп пред изборите што ќе се одржат во таа земја, рече дека Орбан е навистина силен и моќен лидер.
„Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и чест ми е што тоа го правам повторно. Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и апсолутна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија – тој никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Трамп додаде дека Орбан е навистина силен и моќен лидер, со докажан успех во постигнувањето феноменални резултати.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави“, истакна Трамп.
Според него, Орбан вредно работи на заштитата на Унгарија, развојот на економијата, создавањето работни места, промоцијата на трговијата, запирањето на нелегалната имиграција и обезбедувањето закон и ред.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан. Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него, за двете наши земји дополнително да го унапредат овој огромен пат кон успех и соработка“, заклучи Трамп.
Регион
Четиричлено семејство од Албанија почина во Тоскана од труење со јаглероден моноксид
Четиричлено семејство – родителите и нивните две деца, настрадало во својот дом во италијанската покраина Тоскана, поради труење со јаглероден моноксид, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, жртвите се таткото Арти, мајката Јонида (43), синот Хајдар (22) и ќерката Џесика (15). Петтото лице од домаќинството е префрлено во болницата Чизанело во Пиза во тешка состојба, но според достапните податоци не е животно загрозено, пренесе Раи Уно.
На местото на настанот интервенирале припадници на противпожарната служба, карабинерите и екипи на итната медицинска помош, пренесе Итaлпрес.
При прегледот на објектот, тројца карабинери исто така добиле полесни симптоми на труење и им била укажана медицинска помош.
Прелиминарната истрага е насочена кон проверка на исправноста на котелот за централно греење, со цел да се утврди причината за трагедијата. Италијанските медиуми наведуваат дека семејството е со потекло од Албанија.
Свет
Лавров до Макрон: Ако сакате сериозен разговор, јавете се, Путин ќе одговори
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше француските обиди за обновување на дијалогот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
„Францускиот претседател Емануел Макрон пред околу две недели повторно рече дека ќе го повика Путин“, нагласи Лавров во интервју за државната телевизија „РТ“.
„Знаете, тоа не е сериозно. Тоа е патетична дипломатија. Ако сакате да се јавите и да водите сериозен разговор, тогаш јавете се. Путин секогаш ќе се јави на телефон. Секогаш ќе ги сослуша сите предлози, особено сериозните“, наведе Лавров.
Двајца европски дипломати, кои зборуваа под услов на анонимност, потврдија за Политико дека советникот на Макрон, Емануел Бон, во вторникот ја посетил Москва со цел да го подготви теренот за обновување на директната комуникација меѓу Путин и Макрон.
Според наводите на еден од дипломатите, Бон се сретнал со Јуриј Ушаков, близок соработник на Путин и член на руската делегација во тековните мировни преговори со Украина.
Француските претставници не сакаа ниту да го потврдат, ниту да го демантираат посетата на Бон во Москва. Истото го направи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој на редовната прес-конференција изјави дека тоа го прави „од солидарност со француската страна“.
Макрон во вторникот изјави дека се во тек „технички разговори“ со цел повторно воспоставување дијалог со Кремљ, додека неговиот кабинет вчера соопшти дека тие разговори се водат транспарентно „и во консултација со претседателот Зеленски и главните европски партнери“.
Макрон во повеќе наврати истакна дека европските држави треба да водат сопствени директни разговори со Москва.

