Свет
Голем руски ноќен напад со дронoви
Русија лансираше 12 беспилотни летала и крстосувачка ракета кон Украина во текот на ноќта, а украинскиот противвоздушен систем уништи 10 беспилотни летала пред да ја погодат целта, соопшти украинското воздухопловство.
Крстосувачката ракета не е уништена, но не ја погоди целта, соопштија од воздухопловните сили без дополнителни детали. Не беше кажано што се случило со другите два дрона кои не беа уништени. „Ројтерс“ не можеше независно да го потврди извештајот на воздухопловните сили.
Беспилотните летала Шахид од иранско производство беа насочени кон северозападна Украина, соопштија од воздухопловните сили. Повеќето од нив беа урнати во јужниот украински регион Миколаев. Нема извештаи за штета од паѓање на остатоци или беспилотни летала кои не биле уништени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.