Контакт

Македонија

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ за Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Објавено пред

По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Инклузивно образование во Република Македонија, состојби, предизвици и перспективи“ на која свое обраќање имаше Снежана Трпевска, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, координаторка на работната група за ученици со посебни образовни потреби која што истакна дела

dobivaj vesti na viber

„Да видиме што во суштина се случува во пракса. Да тргнеме од наставниците, во однос на наставниците да го поставиме прашањето затоа што најзасегнати односно оние кои се директно вклучени во инклузивниот процес се наставниците, родителите и учениците. Од аспект на наставник, ние треба да го поставиме прашањето што наставникот може, како и што може, што прави и дали може тоа да го прави наставникот. Колку наставникот е оспособен за сето ова. Затоа што многу често можеби наставниците стекнале компетенции за работа со деца со посебни потреби меѓутоа дали наставниците тие компетенции што ги стекнале може да ги применат и дали уште им требаат компетенции со кои што тие може да се стекнат за работа со децата со посебни потреби. Ние гледаме и слушаме со кои се проблеми се соочуваат родителите. Родителите поминувајќи низ лавиринтот наречен инклузивно образование со надеж дека ќе стигнат до целта која ја избрале тие се соочуваат со секакви притисоци. Родителите на тие деца се изложени на дополнителни финансиски трошоци, со соочуваат со секакви потешкотии и проблеми а секогаш се спремни да партиципираат во училиштето меѓутоа сето тоа за нив претставува еден голем предизвик“ истакна Трпевска.

Магдалена Петреска, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, која воедно доаѓа од едно од најголемите училишта во Македонија која што сподели колку во нејзиното училиште е развиен процесот на инклузија на лицата со попреченост.

Петреска додаде дека во изминатите две години со голема помош и поддршка од Општина Аеродром и градоначалникот, училиштето станува едно од најинклузивните училишта во државата и дека во однос на опрема училиштето е опремено од се. Има пристапни рампи, тактилни патеки, внатрешни подвижни рампи, инклузивен лифт, инклузивен тоалет и со една општествена одговорна компанија, минатата учебна година е создадена и сензорната соба.

„Кога ќе видиме од една страна што е инклузијата на хартија и колку училиштата се подготвени, можеме да кажеме дека инклузивното образование навистина функционира, меѓутоа праксата, секојдневието покажува нешто сосема друго. Борбата допрва започнува. Сево ова е некаква подготовка на она што значи вистинска имплементација и на она што нарекува тотално инклузивно образование во основните училишта“, рече Петреска.

Александра Јаковчевска, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за една поспецифична тема а тоа е образованието на лицата со оштетен вид.

„Во рамките на Македонија постои едно единствено училиште кое што нуди образование и воспитание на децата со оштетен вид а тоа е државното училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов. Освен во ова училиште секако родителот кога станува збор за ученици со оштетен вид има право да ги запише учениците и во редовните училишта без разлика дали станува збор за основни или средни училишта. И овде можеби треба да биде таа појдовна точка на промени, кога ќе се формира владата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е дека во законот мора да им дадеме шанса на родителите да изберат дали нивното дете ќе го упатат во редовно училиште или дали ќе го упатат во специјално училиште. Она што е специфично и по кое што се одвојува нашето училиште и нашето основно образование е дека имаме еден предмет кој што е многу важен за учениците со оштетен вид а тоа е предметот ориентација и мобилност, во нашето училиште се спроведува индивидуално и во новата концепција според наставниот план задолжително има по два часа неделно да се работи на адаптација и мобилност на учениците со оштетен вид. Тука е прашањето дали во редовните училишта се работи овој предмет. Секако одговорот е не. Специфично е и тоа дека имаме ученички дом во кој што спроведуваме социјална инклузија. Низ годините наназад ова се покажа како добар пример за социјална инклузија“ нагласи Јаковчевска.

Слободанка Џеповска, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, која има долгогодишно искуство во училиштето за деца со оштетен слух и говор, при што истакна дека ситуацијата во училиштето е тешка, пред се, од причина што во 2019 година владата предводена од СДС и ДУИ го донесе фамозниот Закон за основно образование кој што веќе врши забрана за запишување на ученици во редовното основно училиште за деца со оштетен слух и говор во Битола, заводот Кочо Рацин и од оваа учебна година училиштето веќе не прима ученици и работи како ресурсен центар.

„Од тие причини, онаа траекторија која што речиси 70 години сме ја имале, веќе наидува на пречка. Ние од тоа основно училиште, во средно, не можеме да ги добиваме по директен пат учениците, тие се веќе растурени во системот, запишани во училишта кои што им се најблизу до местото на живеење, кои што често пати не соодејствуваат со нивните потреби и не ги задоволуваат нивните барања. Истовремено, нашето училиште се наоѓа под закана на уште еден проблем и тоа што во последните години ние забележуваме дека се помал број на ученици со оштетен слух и говор се запишуваат во него, па ние сме приморани сите оние останати попречености и оние не запишани ученици и да обрнеме внимание дека можат во нашето училиште да ги добијат условите согласно нивната посебност. Учениците со оштетен слух и говор се запишуваат во редовни средни стручни училишта во кои што имаат можност само да се интегрираат, а не и да се инклузираат и тоа не содејствува согласно нивната специфика“, рече Џеповска.

Мора да се крене на повисоко ниво свеста, едно слушаме ние како родители, друго гледаме, а вистината е трета, изјави Марина Билбиловска, родител на дете со посебни образовни потреби.

Таа додаде дека тие како родители не бараат сожалување, туку им требаат конкретни работи, конкретна помош.

– На секој родител, на секое дете потребен му е мултидисциплинарен пристап и сметам дека инклузијата и воспитанието треба да отпочне уште во градинките. Ако децата од мали нозе се привикнат на децата со попреченост, потоа нема да им претставува страв, грижа или терет. Морам да нагласам дека едукација на професионалниот кадар без разлика градинка или училиште мора да има. Мораме да се стремиме кон тоа државата да си го преземе својот дел од одговорноста, точно и конкретно, рече Билбиловска.

Таа посочи дека кај нас пречесто се прави дистинкција, помеѓу лицата со инвалидност и лицата со попреченост и додаде дека како родители апелираат дека на децата и лицата со попреченост им е потребно посебно основно образование, и посебно средно стручно образование.

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши на Националниот молитвен појадок во САД

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.

На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија15 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија17 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија17 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија18 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет18 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија19 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија20 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија21 час

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија21 час

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија21 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет21 час

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет21 час

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет23 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет23 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет24 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет24 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа24 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...