Економија
Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје.

Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите.
„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“
Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството.

Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е…“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“.

СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-3
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

