Македонија
ЕСМ реагира на обвинувањата: Николоски изнесе парцијални и паушални податоци
АД ЕСМ ги осудува инсинуациите што денес во јавноста ги пласира потпретседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, изнесувајќи, како што наведуваат, парцијални и паушални податоци во јавноста од документ кој е јавно достапен.
Од ЕСМ појаснуваат дека јавната набавка за услуга од Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола, Булдозер – газеничар со снага на мотор од мин. 380 kW е рамковна спогодба, односно услугата ќе се користи кога ќе биде неопходно, во обем и со динамика која ќе биде неопходна за производствениот процес во комбинатот.
„Во став 4 од член 3 на Договорот за споменатата јавна набавка, јасно и недвосмислено е наведено дека обемот и времетраењето на услугите ги утврдува исклучиво договорниот орган – соодветните служби од РЕК Битола, зависно од неговите потреби.
Согласно член 4, точка 1 од Договорот, носителот на набавката ќе го врши фактурирањето врз основа на уредно воден градежен дневник и градежна книга/записник за извршени работни саати/количини, потпишани од овластени претставници на двете договорни страни и врз основа на времетраење на ефективен ангажман – работа на машината, регистрирано на дневна основа со извештаи.
Го потсетуваме потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека за првпат после две децении, АД ЕСМ набави механизација за сопствени потреби токму последниве три години. Со јавната набавка од 2021 година, за 17,5 милиони евра беа набавени 36 парчиња нова механизација за потребите на РЕК Битола. Втората јавна набавка на маханизација за потребите на АД ЕСМ беше реализирана во 2022 година, во вредност од над 10 милиони евра. За следната година предвидена е уште една набавка на механизација која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ“, се наведува во реакцијата на ЕСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

