Свет
(Видео) Вулкан еруптира во Индонезија, најмалку 11 мртви, многу исчезнати
Спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, соопшти портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.
Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници, изјави портпаролката на службата за пребарување и спасување, Џоди Харјаван.
Заедно со телата на 11 планинари спасувачите пронајдоа тројца преживеани, додаде Харјаван, а потрагата по 12-те исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.
Во пресрет на активирањето на вулканот властите го подигнаа нивото на будност и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.
Марапи еруптира во неделата исфрлајќи колона од пепел висока три километри на небото. Небото беше покриено со огромен облак од вулканска пепел покривајќи и автомобили и патишта, покажуваат снимките.
Вулканот е меѓу најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Еруптира и на почетокот на оваа година, забележува „Ројтерс“.
Индонезија има 127 активни вулкани и се наоѓа на пацифичкиот Огнен прстен, според Агенцијата за вулканологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

