Македонија
Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска беше во посета на МАНУ кадешто присуствуваше на презентацијата на нова апаратура за генетско испитување во рамки на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.
„Денеска отвораме една нова страница од научната, образовна, здравствена сфера. Новата апаратура за генетско испитување во МАНУ како и имплементацијата на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика“ во нашата најголема научна иституција е само показател дека како Влада сме посветени на сериозно вложување и напредок во областа на научно-истражувачки проекти, а воедно и во здравствен систем, кој се стремиме да го направиме модерен, квалитетен и достапен за сите наши граѓани.
Оваа институција заедно со нејзините еминентни експерти, со помош на оваа нова опрема, значително ќе ја зајакне работата и ќе допринесе за огромен напредок во работењето на МАНУ. Сега со помош на најмодерната и најсофистицирана опрема, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата.
Истражувачкиот центар на МАНУ е најголемата и најзначајната институција во државата во полето на молекуларната генетика што има стекнато широка меѓународна препознатливост“, рече Меџити.
„МАНУ и Министерството за здравство имаат тесна соработка во многу значајни области од медицината. Од голема важност за нашите пациенти е и можноста за дијагноза со секвенционирање на гени на наследни и малигни болести, меѓу кои и ретки болести во лабораторијата на Македонската академија на науките и уметностите. Исто така МАНУ секојдневно соработуваше со Министерството за здравство, со нашите здравствени установи и се вложи и научно, и истражувачки за време на кризата со Ковид-19.
Академијата за здравствениот сектор допринесува и помага во рана детекција на болестите, што за нас лекарите значи можност за побрза реакција во поглед на методите на лекување.
Горд сум што вложуваме во најпотребните сегменти од општественото живеење-науката и медицината, за доброто на нашите граѓани и на пациентите“, изјави Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.