Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Повеќе за сите е и македонскиот јазик во ЕУ, СДСМ има визија за европска иднина

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината „Повеќе за сите!“, која вечерва се одржуваше во Гостивар рече дека СДСМ преку пакетите антикризни мерки има вратено над 2,5 милијарди евра кај граѓаните.
– Политиките кои ги креира СДСМ и искрената и вистинска грижа за граѓаните се покажуваат на дело. Само последниот пакет антикризни мерки за ублажување на ценовната и енергетска криза има вкупен износ од 662 милиони евра и дополнителни 516 милиони евра за повисоки плати во 2023 и 2024 година. Оваа е единствена влада што има вратено толку пари кон граѓаните и компаниите, нагласи потпретседателката на СДСМ, Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека СДСМ нуди повеќе за сите не само со финансиска помош и поддршка, туку ниди повеќе за сите и со визијата за европска иднина.
– Повеќе за сите е и македонскиот јазик во ЕУ, нашите вредности, нашата визија за европска иднина. Со ВМРО-ДПМНЕ не само што има помалку за граѓаните, за народот, има помалку и за државата, а што е најлошо нема иднина, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа на крај рече СДСМ секогаш одговарал на предизвици со искрена волја и напорна работа, а граѓаните го знаат тоа и затоа „Европски фронт ќе има двојна победа, на претседателските избори и на парламентарните избори во 2024 година“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.