Македонија
Пратениците на Левицата со кривична пријава против Џафери
Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, поради основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, казниво по чл. 353 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.
„Пријавениот се товари дека со отфрлањето над 2.400 амандмани поднесени при второто читање на новиот собраниски Деловник го сторил делото што му се става на товар – свесно оневозможувајќи го пратеничкото право на писмено поднесување и усно образлагање на поднесените амандмани на пленарна седница на Собранието. Со ова свое недозволиво, арбитрарно и самоволно дејство тешко ги повредил уставните, законските и деловничките права на пратениците, кои им се загарантирани во легислативната парламентарна постапка како овластени предлагачи на закони и други општи акти, со што таксативно се исполнети сите законски услови за кривичен прогон против пријавениот“, велат од Левицата.
„Ја известуваме македонската јавност дека до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија правниот тим на Левицата ќе поднесе уште најмалку три кривични пријави за разни кривични дела против службената положба и овластувањето, а нивното процесирање ќе биде услов на партијата за учество во која било идна Влада на Република Македонија“, додаваат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

