Македонија
ЕУ претстави важен план за Западен Балкан вреден милијарди евра, се состои од четири столба
Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и овие земји треба постепено да се интегрираат за да ги почувствуваат придобивките од членството уште пред и официјално да станат членки, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Состанокот на самитот беше можност да се потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“, изјави Мишел по самитот на 27 членки на ЕУ и шест земји од Западен Балкан.
Тој ја потенцира важноста од постепена интеграција на тие земји во одредени секторски политики за што побргу да се почувствуваат придобивките од членството, а не само кога ќе заврши целиот процес и кога тие официјално ќе станат членки. Како помош за постепена интеграција Европската комисија претстави план за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, рече дека планот се состои од четири столба.
Првиот е отворањето на европскиот внатрешен пазар за земјите од регионот во седум области, како што се царинската политика, транспортот и роамингот.
Вториот столб предвидува формирање заеднички регионален пазар, кој би можел да го зголеми домашниот бруто-производ на регионот за десет проценти.
Во третиот столб се очекува земјите од регионот да усвојат соодветни реформи, кои ќе обезбедат еднакви услови за сите.
Четвртиот столб се инвестициите, објасни Фон дер Лајен.
Во Европската Унија ја нагласуваат важноста земјите од Западен Балкан да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и воведувањето санкции против Русија.
Лидерите на 27-те земји членки го почнаа својот дводневен самит, на кој главни теми се проширувањето и преиспитувањето на повеќегодишниот буџет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

