Македонија
Завршни зборови на обвинителот Јакимовски: Направени се голем број пропусти, сите обвинети имаат вина за кобната несреќа кај Ласкарци
Во Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител Дарко Јакимовски ги даваше завршните зборови во врска со случајот „Ласкарци“.
Тој рече дека постои цел корпус безбедносни задолженија и обврски што обвинетите во континуитет не ги почитувале. Рече дека вештаците на кои обвинителството ги темелело доказите, во ниту еден момент не калкулирале со доказите, а во другите вештачења се само препишани пресметките.
Рече дека никој од одбраната не негира дека нема вина, а според одбраната на секој обвинет во оваа незгода, одговорноста за сите пропусти ја префрла на некој друг.
„Ако се анализира одбраната на првите петмина осомничени, се добива впечаток дека сè зависело од шестообвинетиот – возачот на автобусот. Ако, пак, се проучи одбраната на шестообвинетиот, се покажа како во автобусот воопшто да немало возач“, рече обвинителот.
Тој нагласи дека вина за оваа сообраќајна незгода имаат сите обвинети.
Автобуската несреќа кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, а загинаа 16 лица.
Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. А тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

