Забава
Хороскопски знаци на кои бргу им досадуваат врските: дали тој е меѓу нив?
Хороскопските знаци на кои бргу им досадуваат врските, всушност не сакаат да бидат во врска. Барем во повеќето случаи. Сепак, секогаш постојат мали трикови со кои можете да ги задржите.
Некои знаци, едноставно, уживаат во долги врски и веќе на прв поглед со сродната душа сонуваат да стапат во брак.
Сепак, тоа не е случај со овие хороскопски знаци. Не ги сакаат обврските, тешко се врзуваат, а она што им е најважно во врската секако се забавата и играта на заведување.
Водолија
Водолиите не се баш тип на луѓе кои што сакаат врска, но кога ќе се најдат во таква ситуација, сигурно нема да останат долго во неа. Тие не го разбираат овој однос како другите знаци, па често им зосадуваат врските. Решението лежи во тоа да не си дозволите да западнете во монотонија. Послужете им различност со допир на лудило.
Овен
Овните се многу страсни во освојувањето, сексот и изразување на чувствата, но затоа им е особено тешко да бидат мирни и задоволни во врската. Навикнати се да освојуваат, да се борат и да бидат постојано во движење и во состојба на будност. Затоа, доколку сакате да задржите Овен, дајте му причина постојано да се труди да ве освои.
Стрелец
Ова е знак што не може ни да се сети зошто на прво место сакал врска. За Стрелецот, врската е договор помеѓу двајца луѓе да бидат заедно во која било форма. Меѓутоа, ако се посветите на внимателно планирање на вашата врска и на секој следен чекор, набргу ќе му здодее на овој знак. Со нив потребно е да уживате во моментите и во спонтаноста.
Близнаци
Неопходно е да имаат нешто што ќе ги заинтригира повторно и повторно. Ако немаат нешто што им е интересно, тие се надвор од врската уште пред да почне. Значи, за да задржите Близнаци, треба да разберете во што уживаат и постојано да им давате доза. Меѓутоа, штом Близнаците ќе влезат во врска и ќе бидат целосно вложени во неа, тие стануваат многу токсични.
Вага
Вагите сакаат флертување, играње психолошки игри, а ако нема такво нешто, врската лесно им досадува. Ако Вагата е освоена или успеала да освои друга личност, нема повеќе простор за забава и потоа се насочува кон следната игра на заведување. Сепак, не очајувајте. Не престанувајте да ги заведувате и да се однесувате недостижно и врската можеби нема да биде краткотрајна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

