Македонија
Министерката Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и чешкиот амбасадор, Јарослав Лудва, денеска, во Министерството ја потпишаа рамковната спогодба, со која првпат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери „ми-8/17“, хеликоптерите „бел 206“ и авионите „злин 242Л“.
Рамковната спогодба е во вредност од 5 милиони евра, а договорот е активен во следните пет години, односно до воведувањето во употреба на новите хеликоптерски платформи, кои се планирани за набавка во согласност со планот за модернизација на Армијата.
По потпишувањето на договорот, изготвен по принципот влада-со-влада, што ги иззема сите можности за каква било корупција во овој процес, министерката Петровска посочи дека овој ден е еден од најсветлите денови за македонското воено воздухопловство имајќи предвид дека тој овозможува навремена и брза испорака на какви било делови потребни за целосна функционалност на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија.
„Военото воздухопловство се соочуваше со системски недостатоци во набавката и одржувањето на хеликоптерите и авионите, нешто што денеска се решава со рамковен договор, кој значи потполна функционалност на хеликоптерите и авионите во рамките на Армијата сè до набавката и ставањето во употреба на новите хеликоптери за кои очекувам набргу да се донесе и одлука“, рече министерката на средбата.
Петровска изрази задоволство од досегашната соработка со Чешката Република и со Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“, кои во моментов вршат ремонт на два армиски транспортни хеликоптери.
Чешкиот амбасадор Лудва се заблагодари за одличната одбранбена соработка, чиј резултат е овој договор и порача дека „ЛОМ-Прага“ е ремонтен центар, кој функционира во согласност со највисоките стандарди на алијансата.
„ЛОМ-Прага“ е компанија во чешка државна сопственост, во земја членка на алијансата ,што сериозно го олеснува процесот на проверка на квалитетот и ја гарантира валидноста на резервните делови. Оваа компанија, по направената анализа од стручниот кадар во Министерството и во Генералштабот, е издвоена како најсоодветна компанија за ваков вид услуги. Министерството за одбрана има исклучително позитивни искуства во соработката со оваа компанија, особено во однос на ремонтот на два армиски транспортни хеликоптера што треба да бидат вратени во земјата во првата половина на 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

