Македонија
Кузеска: Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокдата на европскиот пат

Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат.
Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ!
Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ.
Заклучоците на европскиот совет се кристално јасни – имаме успешен скрининг и без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладината конференција за отворање на поглавјата по изгласување на Уставните измени.
Ни се повтори 2008 година од истата политичка партија ДПМНЕ којашто тогаш го заглави членството во НАТО, се обиде да го блокира напредокот кон ЕУ.
Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание е на штета на сите граѓани.
Затоа на изборите анриевропдкага коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде казнета.
Активната блокада е времена блокада. Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава посочи дека пожарот е пресечен и не претставува закана за бензинската пумпа која е во близина.
„Пожарот кој што изби помеѓу Катланово и Петровец во близина на безинската пумпа е делумно локализиран, односно е пресечен и не претставува опасност за блиската бензинска пумпа. Се движи кон село Чифлик, а на негово ставање под контрола работат скопските пожарникари. Рано наутро ќе се упати и ер-трактор, а ќе упатиме и неколку возила. Се работи за непријатен пожар кој се наоѓа на непристапно место, но верувам дека утре пожарникарите ќе го стават под целосна контрола. Видлив е од автопатот и предизвикува вознемиреност, но граѓаните да не се плашат бидејќи не може да ја зафати бензинската пумпа“, изјави Ангелов.
Македонија
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, гори уште на 14 места

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати.
Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).
Пожарите кај Македонски Брод 1 – с. Грешница, Македонски Брод 2 – с. Латово, Карбинци – с. Јунузлија и кај Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња се ставени под контрола.
Македонија
Алиу ветува 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв

Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. Без носталгија, со податоци и храброст.
-Визијата станува реалност со голем прв чекор: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв, вели министерот Алиу, додавајќи дека во Штип ќе се гради модерна клиничка установа и Факултет за медицина за идните генерации лекари.
-Во Тетово, болницата ќе добие современа медицинска опрема и два нови објекти, со што ќе прерасне во симбол на грижа и достоинство. Во Кичево, каде што болницата остана нереализирано ветување од минатиот век, од темел ќе градиме нова, светла, топла и достојна за секој од вас, вели министерот Алиу.
Тој истакнува дека ова е само почеток, бидејќи хоризонтот на неговата визија е многу подалеку.
-Да изградиме модерно, хумано и дигитализирано здравство. Ние не сме тука да чекориме по патеки од минатото кои не водат никаде, ние сме овде да градиме доверба за идните генерации. И заедно со вас, ќе ја направиме оваа визија реалност, порачува министерот за здравство, Азир Алиу во неговото видео обраќање.