Контакт

Свет

Корупција во Кнежевството: Обвиненија за градоначалникот на Монако и уште четири лица

Објавено пред

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција, објавија денеска извори блиски до локалното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Во рамки на судската истрага, пет лица меѓу кои и градоначалникот се осомничени за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“, наведоа правосудните извори.

Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек.

На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.

Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.

Свет

Судот на ЕУ и нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра поради нејзината мигрантска политика

Објавено пред

Унгарија ќе мора да плати казна од 200 милиони евра поради непримена на промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил, објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата.

dobivaj vesti na viber

Судот наведе дека Унгарија, која претходно одби да ја спроведе судската одлука од 2020 година, исто така ќе мора да плаќа казна од еден милион евра дневно додека целосно не ги спроведе предвидените мерки, пренесе Ројтерс.

Судот на ЕУ укажува дека Унгарија не презела мерки за почитување на пресудата од 2020 година во однос на правата на барателите за меѓународна заштита да останат во Унгарија до конечната одлука по нивната жалба против одбивањето на нивната апликација.

„Тој пропуст, кој се состои во намерно избегнување на примената на заедничката политика на ЕУ во целина, е чин без преседан и претставува исклучително сериозно кршење на правото на ЕУ“, се вели во денешната судска пресуда.

Унгарската влада претходно тврдеше дека пресудата од 2020 година е оспорена бидејќи веќе ги затворила т.н. транзитни зони и ги заостри правилата кои забрануваат идни барања за азил.

Според сегашното унгарско законодавство, мигрантите можат да аплицираат за азил само надвор од границите на Унгарија во нејзините амбасади во соседна Србија или Украина.

Орбан во 2021 година рече дека Унгарија ќе го задржи постоечкиот режим кон барателите на азил дури и по одлуката на судот на ЕУ од 2020 година.

Европската комисија (ЕК) поднесе втора жалба против Унгарија до Судот на ЕУ на почетокот на 2022 година, во која се наведува дека Унгарија не ги презела сите неопходни мерки за да се усогласи со пресудата од 2020 година, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски очекува „важни одлуки“ од самитот на лидерите на најмоќните земји во светот

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека очекува „важни одлуки“ од самитот на Г7 што започнува во Италија, особено потпишување на безбедносен договор со САД и Јапонија.

dobivaj vesti na viber

„Голем дел ќе биде посветен на Украина, нашата одбрана и економска отпорност. Очекуваме денеска да се донесат важни одлуки“, објави Зеленски на Телеграм.

Украина треба да потпише билатерални безбедносни договори со Јапонија и САД. Зеленски рече дека со американските партнери ќе биде потпишан документ без преседан.

Земјите-членки на Г7 треба да разговараат за деблокирање на заемот од 50 милијарди долари за Киев, кој би бил обезбеден со камата од запленетите руски средства. Г7 е меѓувладин политички и економски форум кој се состои од седум економски водечки земји во светот – САД, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Јапонија. На самитот учествуваат и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет.

Во четвртокот Украина го поздрави новиот пакет американски санкции против Русија. „Особено ги поздравуваме строгите мерки против руската воена индустрија и пристапот на Русија до технологијата и ресурсите во странство“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на X.

„Затворањето на воената машина на Путин е клучно за светската безбедност. Секое оружје што Русија не може да го произведе е спасен живот“, додаде тој. Во вторникот, Зеленски ги повика западните сојузници да му испратат нови системи за противвоздушна одбрана за одбрана од руските напади кои ја фрлија на колена енергетската инфраструктура на Украина.

По самитот на Г7 во Швајцарија, во сабота и недела ќе се одржи мировна конференција за Украина, на која ќе учествуваат речиси 90 земји и меѓународни организации. Русија не беше поканета.

Прикажи повеќе...

Свет

Еден од заложниците на Хамас кој осум месеци беше заробен: Не покриваа со ќебиња кога беше топло

Објавено пред

Семејството на еден од заложниците спасен во израелската операција за време на викендот објави дека претрпел психичко малтретирање во текот на осумте месеци кога Хамас го држеше во заробеништво во Газа, пишува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Андреј Козлов (27) беше спасен заедно со Ноа Аргамани (25), Алмог Меир Јан (21) и Шломи Жива (40) за време на рацијата во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа во саботата.

Козлов и другите заложници, Хамас ги држеше во две цивилни згради во густо населена област. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека рацијата била извршена во двете згради истовремено од страв дека киднаперите ќе убијат некои од заложниците доколку дознаат дека операцијата е во тек.

Рускиот државјанин, Козлов се преселил во Израел пред речиси две години. Тој работеше како обезбедување на музичкиот фестивал „Нова“ на 7 октомври кога беше киднапиран и одведен во Газа, според Си-Ен-Ен.

Во интервју за Си-Ен-Ен, семејството на Козлов откри некои детали за голготата низ која поминале нивниот син и брат, вклучително и дека тој првично верувал дека израелските сили кои го спасиле биле испратени да го убијат.

Таткото на Козлов, Михаил Козлов, рече дека неговиот син бил „многу исплашен“ затоа што милитантите на Хамас со месеци лажно зборувале дека „Израел сака да ги убие сите“, тврдејќи дека „тие биле проблем за Израел“.

„Му беше кажано дека Израел сака да го убие. Не му беше јасно зошто дојде ИДФ. Се плашеше дека ИДФ дошле да го убијат. Му требаше време да сфати дека дошле да го спасат“.

Михаил рече дека неговиот син не сакал да ги открие сите начини на кои го малтретирале, но рекол дека „не го третирале како маж“.

„Би рекол дека го казнувале за секое однесување за кое сметале дека е погрешно“, рече тој.

Еден од примерите што ни ги наведе Андреј е дека во најжешкото време од денот го покривале со ќебиња“, вели тој.

„Тоа е многу тешко искушение. Да се ​​дехидрира за време на жештините“.

Неговиот брат Дмитриј рече: „Се трудеа да не остават никакви физички траги. Но сепак ќе го казнеа на овој или оној начин. Многу често за тривијални работи“.

Му било кажано, вели, да не зборува на хебрејски, туку да шепоти на англиски.

Опишувајќи ја нивната повторна средба, Михаил рече дека првата средба била многу трогателна.

„Очекувавме да имаме радосна средба, но наместо тоа, тој клекна, пукна во солзи и тоа беше многу трогателно за нас“, додава тој.

Дмитриј рече дека неговиот брат се чувствува должен кон Израел.

Со спасувањето на четворицата заложници, 116 остануваат во Газа од нападот на 7 октомври. Се верува дека 41 се мртви.

Михаил рече дека се залага за ослободување на преостанатите заложници со какви било средства – преговори или понатамошна воена акција.

Лекарот задолжен за лекување на заложниците изјавил дека тие биле тепани додека биле во заробеништво на Хамас во Газа.

„Тоа беше грубо, сурово искуство, со многу злоупотреба, речиси секој ден“, изјави д-р Итаи Песах за Си-Ен-Ен. „Секој час, на физичка и ментална и други видови на злоупотреба, тоа е нешто што е неразбирливо“.

Песах рече дека осумте месеци поминати во заробеништво „оставиле значителен белег врз нивното здравје“ и покрај тоа што првично се појавиле во добра состојба, сите биле неухранети. „Тие немаа протеини, па нивните мускули се екстремно истрошени“.

Тој рече дека заложниците му рекле дека биле преместени неколку пати. Снабдувањето со храна и вода било нестабилно.

„Имало периоди кога речиси воопшто не добивале храна“, нагласи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Османи- Пападопуло: Почитувањето на Преспанскиот договор и поддршката од Грција, клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија4 часа

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија4 часа

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија5 часа

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија5 часа

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија5 часа

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет5 часа

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет5 часа

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет6 часа

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ21 час

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија22 часа

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија24 часа

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија1 ден

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија1 ден

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија1 ден

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија1 ден

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија1 ден

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион1 ден

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...

Македонија2 дена

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на...