Свет
Бродолом кај Либија: се удавија 61 лице, меѓу нив и деца
Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија по бродолом кај Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија.
На платформата Икс (Твитер) организацијата ги пренесе изјавите на преживеаните дека на бродот имало околу 86 луѓе и дека тргнал од либискиот град Звар, пренесе Ројтерс.
Во последниве години, Либија е доминантна транзитна точка за мигрантите од Африка и Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски тврди дека Трамп би можел побрзо да ја заврши војната со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да помогне побрзо да се стави крај на војната со Русија, јави државната новинска агенција Укринформ, пренесува Анадолија.
Во интервју за јавниот сервис „Суспилна“, Зеленски зборуваше за односите меѓу Украина и САД и се осврна на претходните разговори со Трамп за решавање на конфликтот, кој трае од 2022 година.
„Тој ја слушна основата на која стоиме. Не слушнав ништо против нашата позиција“, рече Зеленски.
Запрашан дали Трамп побара од Украина да влезе во преговори со Русија, Зеленски рече:
„Ние сме независна земја. И ние, за време на оваа војна, и нашиот народ и јас, лично, преговараме со Соединетите Американски Држави, и со Трамп и со Бајден и со европските лидери, докажавме дека реториката на „седи и слушај“ кај нас не функционира“.
Претседателот на Украина рече дека верува оти под водство на Трамп „војната ќе заврши побрзо“.
„За нас е многу важно да имаме праведен мир, за да немаме чувство дека сме ги изгубиле најдобрите луѓе поради неправдата што ни е наметната. Војната ќе заврши, но нема точен датум. Секако, со политиката на тимот што сега ќе ја води Белата куќа војната ќе заврши побрзо, тоа е нивниот пристап, нивно ветување пред јавноста, а и нив им е многу важно“, рече Зеленски.
Трамп, кој ја победи Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември, често ја доведува во прашање поддршката на САД за Киев и вели дека би можел да го прекине конфликтот во рок од еден ден откако ќе биде избран.
Регион
(Видео) Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска
Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.
Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.
Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.
Европа
Зеленски: Разговорот меѓу Шолц и Путин ја отвора Пандорината кутија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин „ја отвора Пандорината кутија“ бидејќи ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер.
„Сега ќе има други разговори, други повици. Само многу зборови. А токму тоа го сака Путин долго време: за него е исклучително важно да ја ослаби својата изолација“, нагласи Зеленски во вечерното обраќање.
Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски го предупредил германскиот канцелар пред да разговара со Путин дека овој разговор може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.
„Путин не сака мир, тој само сака пауза“, рече претходно Зеленски.
Шолц имал телефонски разговор со рускиот претседател за прв пат по две години, соопшти во петокот кабинетот на германскиот канцелар. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорот со „рускиот диктатор сам по себе не носи никаква додадена вредност во однос на постигнување праведен мир“.