Македонија
Ловец падна во провалија кај Буковиќ и скрши нога, со хеликоптер на МВР пренесен во болница
Ловец се повреди кај скопското село Буковиќ, на непристапен терен, по што е безбедно евакуиран и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар, обајви Центарот за управување со кризи.
„Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен“, од ЦУК ја оценуваат спасувачката операција.
Ловецот Г.Ј. во ловечката кариера, многупати го поминал теренот при лов на диви свињи, но денес паднал во длабок дол со карпи и ја скршил десната нога, во пределот на потколеницата до долниот зглоб, на многу непристапен терен. Не ја соблекол чизмата, за да ја држи постабилна скршеницата и веднаш ги побарал ловечките другари кои биле распрскани околу него на теренот при планираниот лов на диви свињи. Тие дошле на помош, но повредата била опасна, а теренот непристапен. Се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување бил покренат. Медицинската екипа за 20-ина минути стигнала на местото, но големиот висок планинки дол бил прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него.
Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош давала совети, а ловците ги спроведувале. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место.
Паралелно, дежурните од 112 во ЦУК, побарале хеликоптер на што од МВР, веднаш било одговорено. Во паралелна комуникација меѓу ЦУК, МВР и Итната медицинска помош ловците, по извлекувањето на повредениот на попристапно место, почнале да ги сечат високите гранки и грмушки за да може поблизу да пристпи хеликоптерот. Ловечките „фосфорно“ портокалови елеци ги употребиле како маркери за побрзо лоцирање од страна на пилотите кои пристапиле од воздух. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

