Македонија
„СДС – ДУИ ќе ја полнат администрацијата со над 500 нови партиски војници пред изборите“, велат ВМРО-ДПМНЕ
„Веќе еден месец сме сведоци на зачестени огласи за вработување во јавната администрација. Власта не планира да запре со вработувањата во очи избори, мислејќи дека така ќе купи глас повеќе, а всушност купува партиски мир. Државната ЕСМ предизборно ќе вработува речиси 550 лица. Според огласите за работа кои се објавени во дневните весници ЕСМ има потреба од нови 460 вработени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Нешто над 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим кои исто така се под државните електрани.
СДС и ДУИ создаваат нездрава атмосфера во институциите полнејќи ги со партиски кадри пред избори.
Најголемиот број на вработувања кои ги реализира власта пред избори се со цел поткуп за гласање. По 7 години владеење ли се сетија дека на преполната државна администрација и треба кадар за работа?
Зошто тоа не го остават за после изборите ако толку е неопходно? Власта забегува со крадење и дивјачко однесување. И тоа народот жестоко ќе го казни“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.

