Македонија
Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и во Македонски Брод

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и во Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром – Петровец и по должината на Повардаријето, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспоспбена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пецаков прогласи победа во прв круг: Ќе има повеќе од 10.000 разлика

Кирил Пецаков прогласи победа во прв круг и им заблагодари на охриѓани што му дале доверба за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека досега ниту еден градоначалник не добил таква поддршка, а очекува голема разлика и за советничките листи.
„Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои било локални избори се случила. Бескрајно благодарам. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги направивме во изминатите четири години сега ќе бидат на уште појако ниво. Ќе има повеќе од 10.000 разлика. Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.
Тој заедно со симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе слави со гласна музика од штабот, а се слушаат и пукотници.
Македонија
Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет Меџити, во другите општини убедливо води „Вреди“, додаде тој.
„Тука сме во Чаир да ја прогласиме убедливата победа уште во првиот круг, рече Меџити, кој се заблагодари на сите заслужни за таквиот исход, затоа што битката појасни тој, беше за легитимитет.
„Битката беше за легитимитет, тие посакуваа уште еднаш да си ги одмериме силите во Чаир и во Тетово, и во Чаир и во Тетово убедлива е победата на „Вреди“, и во други општини доаѓаат резултатите од Арачиново па се до другите албански општини дека „Вреди“ е легитимен и дека ние сме победници на овие избори, порача Меџити.
Македонија
СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања на изборниот процес.
„Констатиравме злоупотреби на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, како и кршење на изборниот молк преку агитирање. Имаше и нерегуларности при самото гласање“, рече Димитријевиќ, повикувајќи на итна реакција од институциите и најава на подготовка на пријави за утврдените случаи.
Тој соопшти дека според првичните информации, СДСМ води во општините Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Кривогаштани и Богданци. Тесна битка, како што рече, се води во Неготино, Валандово, Македонска Каменица и Лозово. СДСМ, според партиските податоци, води и во Дојран, но најверојатно ќе има втор круг.